Ајла Ердуран
Ајла Ердуран (22 септември 1934 година, Истанбул), е турска виолинистка.
Ајла Ердуран | |
---|---|
Ајла Ердуран во ателјето на Алије Бергер | |
Роден(а) | 22 септември 1934 Истанбул, Турција |
Занимање | Виолинистка |
Како виртуоз на виолина Ердуран настапувала со големи оркестри како Лондонската филхармонија, Берлинскиот РИАС, Претседателскиот симфониски оркестар и Чешката филхармонија. Работела со повеќе диригенти вклучително со Ернест Ансермет, Павел Клецки, Жан Фурне, Мишел Пласон и други. Изведувала солистички концерти во Јужна Кореја, САД, Канада, на Блискиот Исток, Индија, Африка, Русија, Азербејџан и Турција. Нејзините изведби се емитувале на радио во Англија, Германија, Бразил, Бугарија, Русија, Полска, Холандија, и во САД.
Животопис
уредиОбразование
уредиАјра Ердуран, која учела виолина кај менторот Карл Бергер, првиот рецитал го извела на 10 годишна возраст.[1] Дипломирала виолина на 14 годишна возраст[2] на Парискиот меѓународен конзерваториум од 1946 до 1951 година во класата на Бенедети и Бенвенути. По дипломирањето заминала во САД, каде што останала до 1955 година и студирала заедно со со Иван Галамијан и Ѕино Франческати. Од 1957 до 1958 година, Ердуран студирала во класата на Дејвид Ојстрах на Московскиот конзерваториум.
Кариера
уредиЕрдуран работела како професор по виолина во Швајцарија во периодот 1973-1990 година вклучително и магистерски часови на Лозанскиот конзерваториум[2].
Уметницата својата концертна кариера ја започнала во Европа со виолински концерт на Глазунов во придружба на Варшавската филхармонија во Полска. Како студент на големиот виртуоз на дваесеттиот век, Дејвид Ојстрах, на Московскиот конзерваториум од 1957 до 1958 година, Ајла Ердуран била еден од шесте победници на натпреварот Виенјавски во 1957 година, каде што се натпреварувале 120 виолинисти.[2] Во 1958 година, нејзината изведба на премиерата на концертот за виолина на Улви Џемал Еркин во Брисел восхитила многумина, меѓу кои и кралицата Елизабета од Белгија[2].
Освен концерти во Европа и во САД, Ердуран ја имала својата прва голема турнеја во Канада во 1961 и 1962 година, изведувајќи 160 концерти. Потоа заминала на турнеја на Блискиот Исток со Симфонискиот претседателски оркестар во 1963 година и изведувала во различни делови на Анадолија. По нејзиниот прв рецитал во Лондон заедно со Митхат Фенмен, Ендуран ја добила наградата на Хариет Коен-Олга Вернеј во 1964 година
Во 1965 година, нејзината изведба на Брамсовиот "Концерт за виолина“ во Алберт Хол во Лондон бил пренесуван во живо на Би-би-си. По турнеите во Африка со Верда Ерман во 1968 година, Ердуран била одликувана со наградата Бетовен во Холандија во 1970 година.
Ердуран настапила и во дует со познати музичари, како што се Јехуди Менухин, Игор Ојстрах, Валери Ојстрах, Мјечислав Веинберг и други.[3][4]
Дискографија
уредиИзведбата на Ајла Ердуран на Брамсовиот Концерт за виолина заедно со Лондонската филхармонија била снимена како албум на ЛП. Дискографијата на уметникот вклучува:
Награди и признанија
уредиЕрдуран била прогласена за турски национален уметник во 1971 година.[8]
Наводи
уреди- ↑ madebycat.com. „Ayla Erduran“. muzik.iksv.org (англиски). Посетено на 2018-03-27.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Ayla Erduran“. www.wieniawski.com (англиски). Посетено на 2018-03-27.
- ↑ Gurkan, Yasemin. „A lifetime devoted to the violin:Ayla Erduran“. hurriyetdailynews.com. Архивирано од изворникот на 2017-02-14. Посетено на 14 February 2017.
- ↑ „Ayla Erduran“. turkish culture foundation. Посетено на 14 February 2017.
- ↑ „Ayla Erduran Plays Brahms & Bruch - Ayla Erduran | Songs, Reviews, Credits | AllMusic“. AllMusic. Посетено на 2018-03-27.
- ↑ „Ayla Erduran Plays Brahms - Ayla Erduran | Songs, Reviews, Credits | AllMusic“. AllMusic. Посетено на 2018-03-27.
- ↑ „Ayla Erduran Archive Series 5: Live Recordings, 1958-2004 - Ayla Erduran | Songs, Reviews, Credits | AllMusic“. AllMusic. Посетено на 2018-03-27.
- ↑ „who's who : ayla erduran“. www.turkishculture.org. Посетено на 2018-03-27.