Ацо Стојановски (Гостивар, 2 мај 1958) е поранешен припадник на македонската полиција и учесник во воениот конфликт од 2001 година. Меѓу своите колеги како и меѓу пошироката јавност, Стојановски важи за херој што спасил два живота. Тој исто така е и претседател на "Унијата на Бранителите на Македонија"[1].

Ацо Стојановски
Како полициски командир во 2001
Род МВР
ЧинКомандир на полицијата во Радуша
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001 (Битка кај Радуша, 2001)

Почетокот на воениот конфликт од 2001 година, Стојановски го затекнува како заменик-командир на вод на полициска единица во реонот на Радуша, во близина на границата со Косово. Тука тој ќе учествува во еден од најдраматичните поединечни судири регистрирани за време на целиот конфликт, имено престрелката со којашто започнува Битката кај Радуша. Престрелката се случува на 23 јуни 2001 година, кога патрола на макеоднската полиција предводена од Ацо Стојановски, при извршување на редовна контрола на граничниот појас е нападната од заседна поставена од припадници на ОНА[2].

Полициската патрола на чело со командирот Стојановски во средината

Терористите испукуваат ракета од РПГ рачен фрлач Зоља кон полициско возило Застава 128, која благодарение на брза реакција од страна на возачот Трпевски Зоран, удира во тркалото на возилото. Втората испукана граната се експлодира во багажникот на Заставата, при што возачот и командирот Стојановски се исфрлени од возилото во амбисот према коритото на река Вардар, додека третиот полицаец од патролата, Киров Даниел, кој седел на задното седиште се здобил со изгореници во горниот дел на телото и од експолизјата бил фрлен на подот помеѓу седиштата[3].

Полицискиот заменик-командир Стојановски губи сознание, но се буди по неколку рафали испукани од позициите на ОНА кои полека се приближуваат кон автомобилот во којшто се наоѓа ранетиот Киров. Тој прво му ја преврзува отворената рана на полицаецот Трпевски, и потоа со автоматската пушка која ја има до себе се искачува до врвот на амбисот кон возилото. Кога лоцира од каде доаѓаат напаѓачите, почнува да пука кон нив. Откако испразнува два шаржера, Стојановски ползи кон изрешетаното возило, го извлекува Киров, двата други автомата, како и ранците со муниција и го носи кај другиот ранет полицаец. Од таа позиција Стојановски стрела од трите автомата кон терористите, не давајќи им да се доближат. По 40 минути доаѓа единица со оклопно возило на АРМ од караулата Радуша која ги евакуираат полицајците кон полициската станица[3].

Како резултат од престрелката со терористите, Стојановски се здобива со прострелни рани и до денес носи шрапнели во десната страна на телото, во раката и ногата[1].

Во моментот тој е претседател на "Унијата на Бранителите на Македонија" и се бори за остварување на ветените права на Бранителите[4].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Цела деценија ме измачува Радуша". Нова Македонија. 24 Јуни 2011“. Архивирано од изворникот на 2011-06-27. Посетено на 2012-06-11.
  2. "Терористите нападнаа со зољи и минофрлачи а се најдовме и во вкрстен оган од автомати". Весник ВЕСТ. 5 Декември 2001“. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 2012-06-11.
  3. 3,0 3,1 "Исповед - Радуша 2001". Звонко Младеновски. Скопје. 2003
  4. "Бранителите формираа унија". Дневник. 30 јули 2007“. Архивирано од изворникот на 2020-09-01. Посетено на 2012-06-11.