Ацо Ацев
Ацо Георгиев Ацев ( 1898 во Мажучиште, Прилепско — 24 јануари 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ацо Ацев | ||
Роден | 1898 година Мажучиште, Прилепско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 24 јануари, 1945 година Скопје, Македонија Починал по неколку месеци, од раните здобиени при ослободувањето на Скопје |
Животопис
уредиУште пред Втората светска војка се имал доселено во Скопје, каде работел како бифеџија. За време на окупацијата активно ја помагал народно-ослободителната борба. Покрај извршувањето на поставените задачи, материјално го помагал движењето. Поради пројавената револуционерна активност, во 1943 година, бугарската фашистичка полиција го затворила, а потем го интернирала во Бугарија, во селото Кржани. Во интернација останал 6 месеци, а потоа бил префрлен во затворот во Скопје, каде го задржале само еден месец. По излегувањето од затворот, веднаш заминал на Китка и и се приклучи на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во сите борби што ги водела оваа единица. Во борбите за ослободувањето на Скопје, на 13 ноември 1944 година, бил ранет за време на уличните борби. Од последиците во затворот како и од раната, починал на 24 јануари 1945 година. Бил погребан на скопските гробишта во Бутел.