Атанас Ангеловски
Атанас Ангеловски - Гарефи (25 октомври 1925 во Лобаница, Костурско, Егејска Македонија — македонски партизан, борец и воен раководител на единици од егејскиот дел на Македонија.[1][2][3]
Животопис
уредиВо НОБ се приклучил во 1943 година како борец на Партизанскиот одред „Вичо“. Со формирањето на македонскиот Костурско-лерински баталјон „Гоче“ (2 август, 1944 година), се борел во неговите редови во својство на командир на вод, а потоа и во Првата ударна бригада на Македонците во Грција. По расформирањето на бригадата бил во единиците на КНОЈ. Во октомври 1946 година, по задача на Главниот одбор на НОФ за егејскиот дел на Македонија, предводејќи една група македонски борци, преминал на територијата на егејскиот дел на Македонија, на планината Малимади, за да се бори против националистичките сили во Грција (прво како командир на чета, а потоа како командант на баталјон на ДАГ), сè до крајот на Граѓанската војна во Грција. По поразот на ДАГ емигрирал во СССР. Во 1963 година се вратил во СР Македонија.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 27. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 53. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „АНГЕЛОВСКИ-ГАРЕФИ, Атанас“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.