Атанасиј III Цариградски

Атанасиј III (1597 - 15 април 1654) — грчки духовник, вселенски патријарх и светец.

Атанасиј III Цариградски
Вселенски патријарх
Атанасиј III на икона во Андреевскиот скит, Света Гора
ЦркваЦариградска патријаршија
Редови
Чинпатријарх, светец
Лични податоци
Световно имеАлексиј Пателар
Роден1597
Аксос, Крит, Османлиско Царство (денешна Грција)
Починал15 април 1654
Лубни, Руско царство (денешна Украина)
НационалностГрк

Животопис

уреди

Роден е во 1597 г. со световно име Алексиј Пателар (грчки: Αλέξιος Πατελάρος) во ретимниското село Аксос на островот Крит.[1]. Од 1622 до 1634 г. служел како солунски митрополит. На 25 февруари 1634 г. е прогласен за вселенски патријарх и се задржува на функцијата до почетокот на април истата година. Во 1652 е повторно избран на функцијата, овој пат задржувајќи се на неа само 15 дена.[2][3]

Извори

уреди
  • Εγκυκλοπαίδεια Πάπυρος-Larousse-Britannica, 2007, τόμ. 2, σελ. 651
  • Μωυσέως Μοναχού Αγιορείτου, «Οι Άγιοι του Αγίου Όρους», Εκδόσεις Μυγδονία 2008, ISBN 978-960-7666-72-7, σελ. 439-440

Наводи

уреди
Претходник
Кирил I
Цариградски патријарх
1634
Наследник
Кирил I
Претходник
Кирил II
Цариградски патријарх
1652
Наследник
Неофит III