Аскаријаза
Аскаријаза е заболување предизвикано од паразитски цевчести црви Ascaris lumbricoides.[1] Во повеќе од 85% од случаите, инфекциите не даваат симптоми, особено ако бројот на црви е мал.[1] Симптомите се зголемуваат со бројот на присутни црви и може да вклучат немање на здив и треска на почетокот на заболувањето.[1] Истите може да се проследени со надуен стомак, болка во стомакот и дијареа.[1] Најчесто се засегнати децата, и кај таа возрасна група инфекцијата може да предизвика недоволно зголемување на тежина, неисхранетост и проблеми со учењето.[1][2][3]
Аскаријаза | |
---|---|
Ascarislumbricoides | |
Специјалност | Заразна болест, helminthologist |
До инфекција доаѓа преку јадење или пиење на храна контаминирана со јајца од Ascaris од измет.[2] Јајцата се развиваат во цревата, се пробиваат низ ѕидот на цревата, и мигрираат добелите дробови преку крвта.[2] Таму се пробиваат во алвеолите и поминуваат преку трахеа, каде се искашлуваат и голтаат.[2] Ларвите поминуваат преку стомакот по вторпат во цревата каде што стануваат возрасни црви.[2]
Се превенира со подобрена хигиена, која што вклучува подобрување на пристапот до тоалети и правилно исфрлување наизмет.[1][4] Миење на раце со сапун се покажало како корисна заштита.[5] Во области каде повеќе од 20% од популацијата е заразена, се препорачува лекување на сите заболени во редовни интервали.[1] Честопати инфекцијата повторува.[2][6] Нема вакцина.[2] Терапиите препорачани од Светската Здравствена Организација се лекарства албендазол, мебендазол, левамисол или пирантел памоат.[2] Во други ефикасни средства спаѓаат трибендимидин и нитазоксанид.[2]
Околу 0.8 до 1.2 милијарди луѓе на глобално ниво имаат аскаријза,а најмногу засегната е популацијата воСубсахарска Африка,Латинска Америка и Азија.[1][7][8] Тоа ја прави аскаријазата најчеста форма на хелминтијаза пренослива преку почва.[7] Во 2010 таа беше причина за околу 2,700 смртни случаи, што е помалку во споредба со 3,400 случаи во 1990.[9] Друг тип наAscaris ги инфицира свињите.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Dold, C; Holland, CV (Jul 2011). „Ascaris and ascariasis“. Microbes and infection / InstitutPasteur. 13 (7): 632–7. doi:10.1016/j.micinf.2010.09.012. PMID 20934531.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Hagel, I; Giusti, T (Oct 2010). „Ascarislumbricoides: an overview of therapeutic targets“. Infectious disorders drug targets. 10 (5): 349–67. doi:10.2174/187152610793180876. PMID 20701574.
- ↑ „Soil-transmitted helminth infections Fact sheet N°366“. World Health Organization. June 2013.
- ↑ Ziegelbauer, K; Speich, B; Mäusezahl, D; Bos, R; Keiser, J; Utzinger, J (Jan 2012). „Effect of sanitation on soil-transmitted helminth infection: systematic review and meta-analysis“. PLoSmedicine. 9 (1): e1001162. doi:10.1371/journal.pmed.1001162. PMC 3265535. PMID 22291577.
- ↑ Fung, IC; Cairncross, S (Mar 2009). „Ascariasis and handwashing“. Transactions of the Royal Society of Tropical Medicine and Hygiene. 103 (3): 215–22. doi:10.1016/j.trstmh.2008.08.003. PMID 18789465.
- ↑ Jia, TW; Melville, S; Utzinger, J; King, CH; Zhou, XN (2012). „Soil-transmitted helminth reinfection after drug treatment: a systematic review and meta-analysis“. PLoS neglected tropical diseases. 6 (5): e1621. doi:10.1371/journal.pntd.0001621. PMC 3348161. PMID 22590656.
- ↑ 7,0 7,1 Keiser, J; Utzinger, J (2010). „The drugs we have and the drugs we need against major helminthinfections“. Advances in parasitology. 73: 197–230. doi:10.1016/s0065-308x(10)73008-6. PMID 20627144.
- ↑ Fenwick, A (Mar 2012). „The global burden of neglected tropical diseases“. Public health. 126 (3): 233–6. doi:10.1016/j.puhe.2011.11.015. PMID 22325616.
- ↑ Lozano, R (Dec 15, 2012). „Global and regional mortality from 235 causes of death for 20 age groups in 1990 and 2010: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2010“. Lancet. 380 (9859): 2095–128. doi:10.1016/S0140-6736(12)61728-0. PMID 23245604.