Козлеци

семејство растенија
(Пренасочено од Аруми)
Козлеци

Козлеци или аруми (науч. Araceae) — семејство на монокотилни цветни растенија чии цветови се поредени во еден вид на соцветие наречено лажичка (спадикс). Спадиксот е составен од бројни ситни цветови поредени на една месеста оска. Тој најчесто е придружен, а понекогаш и затворен со спата, која претставува листовиден прицветен лист. Фамилијата брои 107 родови во кои се распоредени повеќе од 3700 видови. Семејството е најраспространета во тропските региони од Новиот Свет, но помал број претставници се среќаваат и во тропските региони од Стариот Свет, како и во северните умерени региони. Според неодамнешните генетски проучувања од страна на APG се покажа дека видовите од фамилијата Водни леќи (Lemnaceae) исто така припаѓаат во семејството.

Козлеци
Период: рана креда[1] - денес
Соцветие на Spathiphyllum cochlearispathum
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Воднотегавцовидни
Семејство: Козлеци
Juss.[2]
Потсемејства
Alocasia macrorrhiza (Адам и Ева) е популарно украсно растение.

Anthurium и Zantedeschia се два добро познати видови од оваа фамилија, како што се и Colocasia esculenta и Xanthosoma roseum (слоново уво). Меѓу најголемите соцветија во светот е она на растениеѕо Amorphophallus titanum (џиновски козлец). Во оваа фамилија припаѓаат голем број на украсни растенија: Dieffenbachia, Aglaonema, Caladium, Nephthys и Epipremnum, Allocasia и други. Во родот Cryptocoryne се вклучени многу познати аквариумски растенија. Плодовите на тарото и Monstera deliciosa се користат како храна. Philodendron е важно растение во екосистемите на дождовните шуми и често се користи како украсно растение. Во оваа фамилија спаѓа и најмалото цветно растение - волфијата.

Опис

уреди

Видовите од семејството најчесто се ризоматични или грутчести и често содржат кристали од калциум оксалат или рафиди. Листовите можат да варираат од вид до вид. Соцветието се состои од спадикс, кој речиси секогаш е опколен со изменет лист наречен спата. Кај еднодомните козлеци (кои имаат одделни машки и женски цветови, но тие се наоѓаат на едно растение или единка) спадиксот обично е граден така што женските цветови се наоѓаат во долниот дел од растението, додека машките кон врвот. Кај хермафродитните цветови, устенцето (стигмата) овенува кога ќе созрее поленот, спречувајќи притоа самооплодуавње. Постојат и некои дводомни видови.

Многу растенија во оваа фамилија се термогени (произведуваат топлина). Нивните цветови достигнуваат и до 45 степени Целзиусови дури и кога температурата на околната средина е многу пониска. Една од можните причини за оваа појава е привлекување на инсекти за опрашување. Друга причина е спречување на ткивно уништување во ладните региони. Некои примери на термогени козлеци се: Symplocarpus foetidus, Amorphophallus titanum (џиновски козлец), Amorphophallus paeoniifolius (слонова нога), Helicodiceros muscivorus и Sauromatum venosum (вуду лилјан). Цветовите од видовите како џиновски козлец и Helicodiceros muscivorus даваат многу непријатен мирис кој потсетува на пцовисано животно. Ова е важно, бидејќи на овој начин се привлекуваат мувите за да го опрашат растението. Топлината која ја произведува растението помага за интензивирање на овој мирис.

Систематика и филогенија

уреди
 
Dieffenbachia seguine (дифенбахија) е често украсно собно растение.
 
Monstera deliciosa е позната и како собен филодендрон, иако не спаѓа во родот Philodendron.
 
Philodendron bipinattifidum е вистински филодендрон, односно припаѓа на родот Philodendron.
 
Џиновскиот козлец е растение со најголемо соцветие. Меѓутоа, цветовите имаат мирис на пцовисано животно, со цел привлекување на опрашувачи (муви).
 
Wolffia arrhiza (Волфија) е најмалото цветно растение.

Фамилијата се дели на седум потсемејства, од кои најбогато со родови и видови е Aroideae. Најпримитивни потсемејства се Gymnostachydoideae и Orontioideae. Морфолошки најоддалечено семејство е Lemnoideae.

потсемејство -{Aroideae
потсемејство -{Calloideae
потсемејство -{Gymnostachydoideae
потсемејство -{Lasioideae
потсемејство -{Lemnoideae
потсемејство -{Orontioideae
потсемејство -{Pothoideae}-
трибус -{Potheae
племе -{Monstereae
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Sender.
  2. Angiosperm Phylogeny Group (2009), „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“, Botanical Journal of the Linnean Society, 161 (2): 105–121, doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x