Ситна леќа

род растенија
(Пренасочено од Wolffia)
Ситна леќа

Ситна леќа или волфија (научWolffia) — род на 9 до 11 видови кои претставуваат цветни растенија на светот. Тие се водни растенија налик на снегулки од пченкарно брашно кои плутаат по површината. Ситнат леќа е слободнопловен талус, по боја зелен или жолто-зелен, без никакви корења. Цветот на растението излегува во вдлабнатина на горната површина од расатението. Има еден прашник и еден толчник. Поединечните билки често пловат во парови или пак образуваат пловечки ќилим заедно со сродни растенија како водната леќа (Lemna) и коренестата водна леќа (Spirodela). Речиси сите видови се мошне широко распространети ширум неколку континенти. Ситната леќа се состои од 40% белковини, (исто колку и сојата), и со тоа е добар извор на високопротеинска исхрана. Во Азија, уште од дамнешни времиња ситната леќа се собира и користи во исхраната.

Ситна леќа
Each speck is an individual plant
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Воднотегавцовидни
Семејство: Козлеци
Потсемејство: Водни леќи
Род: Ситна леќа
Schleid.

Одбрани видови

уреди
 
Илустрација на Wolffia arrhiza

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди