Арсениј Тарковски
Арсениј Александрович Тарковски (руски: Арсе́ний Алекса́ндрович Тарко́вский), роден во Кировград поранешен Елисаветград, на 25 јуни 1907 (стар стил 12 јуни) – починат во Москва, на 27 мај 1989 — еден од најистакнатите советски поети на дваесеттиот век. Неговиот син Андреј Тарковски е еден од најголемите филмски режисери во историјата на светската кинематографија[1].
Арсениј Тарковски Арсе́ний Тарко́вский | |
---|---|
Арсениј Тарковски кон средината на 1930 година | |
Роден/а | Арсениј Александрович Тарковски Арсе́ний Алекса́ндрович Тарко́вский 25 јуни 1907 (грегоријански календар) Елисаветград денес Кировград, Руско Царство, денес Украина |
Починат/а | 27 мај 1989 Москва, Советски Сојуз | (возр. 81)
Деца | Андреј Тарковски |
Животопис
уредиФамилија
уредиТарковски е роден на 25 јуни 1907 година во Елисаветград, Херсонска Губернија, Руско Царство (денес Кропивницкиj, Украина). Неговиот татко, Александар Тарковски, бил банкарски службеник и руски револуционер (nародник), а се занимавал и со аматерска глума.
Младост
уредиВо 1921 година, Тарковски и неговите пријатели објавиле песна која содржела акростични алузии во врска со Ленин. Поради тоа тие биле уапсени и испратени во затвор во Николаев. Тарковски бил единствениот што успеал да избега.
Кариера
уредиВо 1924 година Тарковски се преселил во Москва, а од 1924 до 1925 работел во весникот за железничките работници наречен „Гудок“, како уредник на рубриката за поезија.
Од 1925 до 1929 година студирал литература на московскиот универзитет. Во тоа време преведувал поезија од туркменски, грузиски, ерменски и арапски јазик.
За време на Втората светска војна тој доброволно се пријавил како воен дописник во весникот „Воен аларм“. Бил ранет во 1943 година. Поради гангренозни компликации му била ампутирана ногата.
Во прво време бил познат како одличен и мошне плоден поетски преведувач. Првата поетска збирка „Пред снегот“ ја објавил во 1962 година[2].
Смрт
уредиЖивеел главно во Москва и Переделкино. Починал на 27 мај 1989 година во Москва. Во 1989 година посмртно ја добил Државната награда на СССР.
Творештво
уредиПоследната книга во неговиот живот била книгата „Ѕвездите над Арагац“ објавена во 1988 година. Неговиот опус опфаќа 12 збирки поезија и собрани дела во три томови. Неговата поетска творба зазема необично и оригинално место во советската и руската поезија. Со својот литературен и поединечен пристап, тој создава специфичен поетски израз којшто нема поетски паралели со останатите стилски движења од тој период. Тоа е творечки потфат во кој е присутна богата и длабока литературна алегорија, симболика, метафора, проткаена со исклучителна рефлексивност и продирање во метафизичките тајни на животот и универзумот[3]. Неговата поезија била и суштинска гама во скоро сите филмови на најголемиот филмски режисер и кинематограф во историјата на филмската уметност воопшто. Таа е еден од битните елементи на богатата структура на неговите филмови. Прераната смрт на Андреј Тарковски оставила длабока потиштеност и болка кај Арсениј, која е видлива во неговата поезија особено во последната збирка „Ѕвездите над Арагац“. Творечкиот придонес и на двајцата автори, има постојано ревизиска - есеистичка опсервација од истакнатите автори, критичари, теоретичари. Нивната уметност е сериозен придонес со планетарно значење во дејството и улогата на творештво[4].
Библиографија
уреди- Пред снегот – 1962 година[5].
- Сопствената земја – 1966 година
- Весник – 1969 година
- Поеми – 1974 година
- Волшебна гора - 1987 година
- Зимски ден – 1980 година
- Избрани дела – 1982 година
- Песни од различни периоди – 1983 година
- Од младоста до староста – 1987 година
- Благословена светлина – 1993 година, посмртно
- Ѕвездите над Аргац - 1988 година
- Собрани дела во три тома - 1991 - 1993 година
Преводи
уреди- Чечено - Ингушки поети, Грузија, 1939 година[6].
- Кемин - Собрана поезија, 1940 година
- Стијенски Р. Спушкаскаја тврдина, 1944 година
- Стијенски Р. Зелен меч, 1945 година
- Рза Р. Ленин Баку, 1950 година
- Таџибаев К. Четириесет девојки, 1951 година
- Таџибаев К. Четириесет девојки, 1956 година
- Шираз О. Сијаманто и Хачесар, 1956 година
- Стеинески Р. Волшебни гусли, 1957 година
- ала-Маари Стихозбирки, 1971 година
- Чавчаваѕе И. „Неколку слики“, Тбилиси, 1975 година
- ала-Маари Стихозбирки, 1979 година
- Таџибаев К. Четириесет девојки, Нуксу, 1983 година
Филмови со песни од А. А. Тарковски
уреди- Огледало, режија Андреј Тарковски — стиховите ги чита авторот[7].
- Носталгија, режија Андреј Тарковски - песната „Бледа визија - мојата сила“ ја чита О. Јанковски[8].
- На средина од светот — стиховите ги говори авторот
- Сталкер, режија Андреј Тарковски — песната „И ова лето мина“ ја чита Александр Каидановски
- Малиот живот, авторот ги чита своите песни
- Под заканите на воените времиња, 2. серија, стихотворба „Блискоста на војната“, ја чита Е. Климов[9].
Книги во кои се користени стихови на Арсениј Тарковски
уредиНаводи
уреди- ↑ Арсений Тарковский
- ↑ 50 великих стихотворений
- ↑ «Мы - уста пространства и времени…»
- ↑ Христианские идеи в поэзии А. А. Тарковского
- ↑ Избранные стихи
- ↑ Арсений Тарковский как переводчик
- ↑ Стихи из "Зеркала"
- ↑ ТЕКСТОВ АРСЕНИЯ ТАРКОВСКОГО В ФИЛЬМЫ АНДРЕЯ ТАРКОВСКОГО
- ↑ „поэзия в фильмах Андрея Тарковского“. Архивирано од изворникот на 2019-05-07. Посетено на 2019-05-07.
- ↑ Макс Фрай
Надворешни врски
уреди- ТАРКОВСКИЙ, АРСЕНИЙ АЛЕКСАНДРОВИЧ (1907–1989
- Судьба Тарковского
- «Я в детстве заболел…»
- О поэте
- Poems
- ПЕРЕВОДЧИК Архивирано на 27 април 2019 г.
- Музей Арсения Тарковского в интернете
- (англиски) Biography
- (англиски) Some poems translated to english
- (руски) Biography and works of Arseny Tarkovsky
- (руски) Another Biography
- (англиски) [1] A selection of three poems in English translation in Harvard Review: "Housewarming," "Dreams," and "The Azov Steppe".