Армансон
Армансон — река во северозападниот дел на Бургундија во Франција. Долга е 202 километри.[1] Извира кај Меји-сир-Рувр во департманот за Златен Брег и се влева во Јона (десна притока) во Мижен. Нејзиниот извор е на надморска височина од 380 метра и се влива во Јона на надморска височина од 79 метра.
Армансон Armançon | |
---|---|
Армансон во Нуи | |
Местоположба | |
Држава | Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бургундија |
• надм. вис. | 380 m |
Устие | |
• место | Јона |
• координати | 47°57′8″N 3°30′30″E / 47.95222° СГШ; 3.50833° ИГД |
Должина | 202 km |
Големина на сливот | 2990 m2 |
Проток | |
• просечен | 30 m3/s |
Особености на сливот | |
Течение | Јона → Сена → Ламанш |
Тек
уредиАрмансон извира 2 километра северозападно од Меји-сир-Рувр во областа позната како Оксоа, на усната чинија претставена од Парискиот Басен. Тече надолу по западната, стрма падина на Златниот Брег и на рабовите на Морван. Нејзиниот извор е на карпите од рана јура и доцниот тријас каде што се под големо влијание на гранитите и вулканските релјеви на Морван, северно продолжение на Централниот Масив.
Горната долина на реката ја користат Каналот де Бургоњ и Автопатот А6, но тие се раздвојуваат и реката минува меѓу нив кон малиот град Семир-ан-Оксоа. Во овој дел од својот тек, реката ја пресекла својата долина низ карпите од периодот јура до основниот гранит. Притоката Сернан се влева во Армансон веднаш под Семир.
Во близина на Бифон, северозападно од Монбар, од долината Брен каналот повторно се приклучува кон неа, придружуван од железничката пруга од Дижон до Париз (Гар де л'Ест). Малку подолу, од лева страна, се влева Борнан. Сите тие минуваат низ пошумен крај, геолошки од средна јура. Кратко потоа, тие влегуваат во департманот Јона. Во близина на границата меѓу департманите и веднаш под Равиер, реката минува низ предел од доцна јура каде што долината има акумулирано холоценски наноси. Карпите од доцна јура го обезбедуваат глинени материјали за цементарниците што лежат меѓу реката и каналот меѓу Паси-сир-Армансон и Лезин. Уште во пошумен крај, Армансон го минува малиот град Тонер и поминува многу кратко низ департманот Об, како што минува низ карпите од креда.
Непосредно под Сен-Флорантен се вкрстува со железничката пруга TGV од Париз до Лион и Авињон. Реката пристигнува во крај од средна креда каде Креантон се влева од десно, непосредно пред реката и Каналот де Бургоњ да се влеат во Јона кај Мижен.
Притоки
уредиНејзини главни притоки се:
- Ри де Биер (десна притока)
- Руисо де Борнан (лева притока)
- Сернан (лева притока)
- Брен (десна притока)
- Борнан (лева притока)
- Брион (десна притока)
- Руисо де Клеон (лева притока)
- Арманс (десна притока)
- Креантон (десна притока)
- Руисо де Лари (лева притока)
- Пре (десна притока)
- Руисо де Тори (лева притока)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Армансон“ на Ризницата ? |
- Michelin France Tourist and Motoring Atlas 1:200 000e (2002)
- Dercourt, J. et al. Carte Géologique de la France à l'Échelle du Millionième (2003)
- http://www.geoportail.fr Архивирано на 15 декември 2010 г.