Арда (притока на Марица)

Арда (бугарски: Арда, грчки: Άρδας, турски: Arda) — река во јужна Бугарија и североисточна Грција. Извира од Ардин врв во Родопите и се влева во реката Марица на грчка територија, во близина на градот Едрене. На реката Арда се наоѓаат вештачките езера „Крџали“, „Студен Кладенец“ и „Ивајловград“. Основни нејзини притоки се Врбица, Крумовица и Црна. Обележје по течението на реката Арда е Ѓаволскиот мост.

Арда
Местоположба
Физички особености
УстиеМарица
Должина272 км[1]
Особености на сливот
Арда при селата Саръхадър и Комарли {Кипринос - Комара}

Географија

уреди

Речната долина на реката Арда опфаќа дел од длабоката, тесна долина на реката, која е со надморска височина 154 m и површина 47 660 ха. Опкружена е од планински падини и на места високи до 150 m карпести масиви особено со вулканско потекло. Значителен дел од територијата е зафатена од карпести комплекси, единечни карпи и карпестo лизгање на земјиштето.[2]

Растенија

уреди

На одделни места падините се покриени со листопадни мешани шуми од цер, благун, влакнест даб со средоземни елементи како црвена смрека и colutea arborescens. Карстниот регион меѓу селата Орешари и Долно Черковиште е речиси целосно од шуми од габер кој е додаден со маклен и јасен. Има исто така и грмушки од драка и јоргован, измешани со helichrysum arenarium. Може да се најдат и поединечни дрвја од бадемолистна круша и ф’стак.[2]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София 1978, стр. 116
  2. 2,0 2,1 www.lepidopterology.com - Арда

Поврзано

уреди