Јолај
Јолај (грчки: Ἰόλαος Iólaos) — тебански божествен јунак во старогрчката митологија, син на Ификле и Автомедуза.
Тој бил познат како внук на Херкул и по тоа што му помагал во некои од неговите подвизи, а исто така и по тоа што бил еден од Аргонаутите.
Еден вид на пеперутки е наречен според него.
Поврзаност со Херкул
уредиКако син на Ификле, Јолај бил внук на Херкул. Често се појавува како негов возач на воената кола и негов придружник. Бил познат и како љубовник на Херкул, а храмот на Теба подигнат во негова чест бил место каде се собирале машки парови и си давале завет.[1]
Натпревар по атлетика бил одржуван во Теба секоја година во негова чест.[2] Победниците на овој натпревар биле крунисувани со венци од мирта.[3]
Јолај му ја пружил неопходната помош на Херкул во неговата борба против Лернејската хидра, што била негова втора задача. Откако видел дека Херкул е надвладеан од чудовиштето со повеќе глави, (Лернејската хидра), на која на местото од секоја исечена глава ѝ никнувале две нови глави, Јолај му помогнал со тоа што поминувал со оган на местото на исечената глава.
Херкул му ја дал на Јолај (кој тогаш имал само 16 години) својата сопруга Мегара (која имала 33 години).[4]
СпоредДиодор Сицилиски, Јолај бил испратен од Херкул во Сардинија заедно со деветмина од неговите синови и педесет ќерки на Теспиј за да го колонизираат островот.[5]