Аргус (аргонаут)
Според старогрчката митологија, Аргус (или Аргос; грчки: Ἄργος) бил градителот на бродот Арго, и еден од Аргонаутите. Се вели дека го изградил бродот по упатства што ги добивал од божицата Атена.[1] Арестор, член на кралското семејство на Аргос, бил татко на Аргус, според Аполониј Родоски[2] и Јован Цец,[3] но Хигиниј вли дека родители на Аргус биле Полиб и Аргија.[4] Во Агронаутика се вели дека Аргус потекнува од Теспија.[5] На Аргус му се припишува исто така создавањето на дрвена статуа на Хера, која била предмет на обожување во Тиринт.[6]
Не треба да го мешаме со џинот со сто очи, Аргус.
Наводи
уреди- ↑ Apollonius Rhodius, Argonautica, 1. 4 with scholia, 1. 112; 1. 226
- ↑ Argonautica 1. 112
- ↑ Tzetzes on Lycophron 883: "[son] of Arestor or Alector"
- ↑ Hyginus, Fabulae, 14
- ↑ Valerius Flaccus, Argonautica, 1. 93 & 124
- ↑ Apollonius Rhodius, Argonautica, 1. 1119, 2. 613; Clement of Alexandria, Protrepticus, 4. 14. 7 referring to Demetrius' Argolica