Аргир Маринчев

(Пренасочено од Аргир Маринче)

Аргир Маринчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Аргир Маринов
Роден 1870
Охрид, Македонија
Починал 31 август 1903
Куратица, Македонија

Животопис

уреди

Тој е роден во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година. За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид и во борбите против турскиот аскер имал повеќе успеси. На 30 и 31 август 1903., меѓу селата Речица, Куратица и Свиништа, кај месноста Рашанец, каде беа сместени околу 1700 души после опожарувањето на нивните села, со својата чета останал да се бори до последниот момент. Тој и неговите четници го задржувале непријателот сè до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва [1][2].

Извори

уреди
  1. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.399-400.
  2. Утрински вестник, Бр. 1234, 16 октомври 2006

Надворешни врски

уреди