Масакр во Рашанец
(Пренасочено од Масакрот во Рашанец)
Масакрот во Рашанец — колеж врз македонското население извршен од страна на турскиот аскер за време на Илинденското востание во 1903 година. Масакрирани биле 200 души.
Историја
уредиВостанието во Охридско, кое го предводел војводата Христо Узунов, се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец, охридските востаници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор каде имало 2.000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други кои не можеле да се спротивстават на 3.000 турски војници во одмаздничкиот налет предводени од Бахтијар паша. Масакрот траел 15 часа.[1]