Аргентинска дога

кучешка раса
(Пренасочено од Аргентински пес)

Аргентинска дога или Дого Аргентино (аргентински песилиаргентински мастиф“) — големо, бело, мускулесто куче како раса развиено во Аргентина, за лов на крупен дивеч, првенствено на дива свиња и пума; одгледувачот Антонио Норес Мартинес, сакал куче кое ќе биде лојално и храбро, подготвено да го заштитува својот чувар до неговата смрт. Првпат е создадено во 1928 година од Кордобско боречко куче, заедно со други раси, вклучувајќи ja Данска дога.

Аргентинска дога
Други називи аргентински пес
Прекари дога
Потекло Аргентина
Особености
Тежина 40–54 кг
Висина Мажјак 60–76 см
Женка 60–69 см
куче (Canis lupus familiaris)

Класификација и стандарди

уреди

Изглед

уреди

Аргентинската дога е големо, бело, кратковлакнесто куче со мускулеста и цврста градба на телото. Нема никакви дамки на крзното (секоја дамка се смета за недостаток[1]).

Стандардизирана висина на женките е 60-65 см, а мажјаците 60-68 см, мерено од сртот, додека тежината е од 40-45 кг[2]. Должината на телото е малку подолга од висината, но женските кучиња се подолги од машките кучиња. Должината на предната нога (мерена од врвот на лактот до земја) е приближно колку една половина од висината на кучето до сртот. Главата има широк череп што наликува на купола, а муцката е подигната кај носот, гледано од профил. Опашот е поставен ниско, широк во основата, а се стеснува кон врвот. Со својот изглед потсетува на Американскиот булдог но издолжена, со цврсто бело крзно[3].

Историја

уреди

Во 1930-тите, Антонио Норес Мартинес се обидел да одгледа ловечко куче за крупен дивеч кое кое ќе биде и лојално милениче и куче чувар. Норес Мартинес го одбрал Кордобското боречко куче како основа за расата[4]. Оваа раса денес ја нема, но е опишана како големо и свирепо куче кое е одличен ловец и борец. Го вкрстил со Данска Дога, Боксер, Шпански мастиф, Стар англиски булдог, Бул териер, Големо пиринејско куче, Поинтер, Ирски волчјак и Бордошка дога[4]. Норес Мартинес продолжил да ја развива расата преку селективно размножување за да ги добие посакуваните особини.

Карактер

уреди
 
Аргентинска дога со уши
 
Кумелен - женка

Дого кучињата се ловци на крупен дивеч и некогаш се тренираат за потрага и спасување, помош на полицијата и воени работи. Како и сите други раси, Аргентинската дога е питома при контакт со деца, доколку се чува од најрана возраст.

Оваа раса е специјално тренирана за подобра социјализација со други кучиња. Мошне се дружељубиви при контакт со други миленици, било да станува збор за попитом или подив вид. Бидејќи агресивноста е намерно истребена, многу ретко се случува да нападнат човек или друго животно. Животниот век е од 10 до 12 години[5].

Здравје

уреди

Како и далматинецот, белиот боксер, и белиот бул териер, кај оваа раса се јавува глувост. Стапката на глувост е приближно 10%, при што кај некои кучиња страда едното уво (глуви на едното уво), а кај некои двете уши (целосно глуви). Истражувањата покажуваат дека честотата на глувост драстично опаѓа кога оплодувањето се врши со поколение со здрав слух. Оваа раса страда и од дисплазија на колковите[6][7][8].

Лов и легалност

уреди

Иако аргентинската дога е првенствено развиена од веќе изумреното Кордобско боречко куче, одгледана е да биде ловец; да придружува други кучиња ловци и заливски кучиња на лов, без притоа да се бори со другите кучиња. Агресивните особини својствени за Кордобанското куче се истребени за да се развие придружник со мирна природа. Сепак, во одредени области каде што продолжуваат борби со кучиња, аргентинската дога се користи за борење поради храброста и издржливоста.

Аргентинската дога е забранета во Украина, Исланд, Австралија и Сингапур[9].

Во Велика Британија е забрането со закон да се поседува аргентинска дога без правна дозвола и максималната казна за незаконско поседување е 5.000 фунти и/или до шест месеци затвор. Посебните законски регулативи за расата варираат во САД, со забрани за расата пропишани во Аурора, Колорадо и социјалните станови во Њујорк. Австралиската влада го забрани увозот на ова куче. Кучето е забрането и во Нов Зеланд, Норвешка, Исланд, Португалија, Романија, Сингапур и Украина. Забраната во Велика Британија наишла на критики од портпаролот од Кралското друштво за спречување на суровоста кон животнитем тврдејќи дека законот мора „повторно да се задржи на вистинскиот проблем — сопственикот“.

Поврзано

уреди
  • Бомбон“ — филм од 2005 г. во кој глуми аргентинска дога по име Грегорио

Наводи

уреди
  1. Rice, Dan (1 March 2001). Big Dog Breeds. Barron's Educational Series. стр. 152–153. ISBN 978-0-7641-1649-0. Посетено на 2010-02-15.
  2. „Dogo Argentino“ (PDF). Federation Cynologique Internationale. 2 August 2012. Посетено на 7 December 2014.
  3. Stahlkuppe, Joe (1 April 2000). American Pit Bull Terrier Handbook. Barron's Educational Series. стр. 19. ISBN 978-0-7641-1233-1.
  4. 4,0 4,1 Marien-de Luca, Catherine. „Dogo Argentino blood lines“.
  5. „Dogo Argentino“. United Canine Association.
  6. Strain, G. M. (1993). „Deafness assessment services by means of the brainstem auditory-evoked response“. Journal of veterinary internal medicine / American College of Veterinary Internal Medicine. 7 (2): 104–5. PMID 8501696.
  7. Cargill, E. J.; Famula, T. R.; Strain, G. M.; Murphy, K. E. (2004). „Heritability and segregation analysis of deafness in U.S. Dalmatians“. Genetics. 166 (3): 1385–93. doi:10.1534/genetics.166.3.1385. PMC 1470800. PMID 15082557.
  8. Strain, G. M. (1992). „Brainstem auditory evoked potentials in veterinary medicine“. British Veterinary Journal. 148 (4): 275–8. doi:10.1016/0007-1935(92)90080-K. PMID 1498641.
  9. „Fiji Pet Passport Regulations“ (англиски). Pet Travel, Inc. Посетено на 2017-03-27.

Надворешни врски

уреди