Арача е рушевина од средновековна црква која се наоѓа помеѓу Нови Бечеј и Ново Милошево во Србија, поточно на 12 км од Нови Бечеј. Во 1948 година била ставена под заштита како културно добро .[1]

Историја

уреди

Арача е изградена околу 1230 година на темелите на постара црква од 11 век. Била ограбена и уништена во 1280 година, а повторно е обновена во 1370 година по наредба на кралицата Јелисавета Котроманиќ Анжујска . Во таа обнова била додадена готска кула, чии остатоци постојат и денес. Се претпоставува дека црквата припаѓала на имотот кој во 1407 година, кралот Жигизмунд му го подарил на деспотот Стефан Лазаревиќ. Подоцна припаѓал на деспотот Ѓураѓ Бранковиќ, кој му го дал на Павле Бирињи .

Во 1551 година Србите одржале собир во Арача на кој донеле одлука да им се приклужат на Турците.[2] Во 1551 година, Турците Османлии ја запалиле црквата и од тогаш таа никогаш не била обновена.

Селото Арача постоело во 17 век. Тука во 1660 година доаѓале монаси од српскиот манастир на Пеќската патријаршија за да собираат донации. Биле попишани следниве жители православни Срби: домаќинот Вујица (кај кого одседнале), Јован, поп Коста, кнез Петар и кнегињата Драгиња, Божа Јовин, Дмитар, Огњан и Петар Стојановиќ.[3]

Конзерваторските-реставраторските работи на црквата траеле од 1970 до 1978 година. Работите биле водени од страна на заводот за заштита на спомениците на културата во Нови Сад, а ги водел Шандор Наѓ, археолог при Музејот на Војводина во Нови Сад. Археолошките работи ги продолжи Небојша Станојев, археолог при Музејот на Војводина. Во 2013 година биле изведени конзерваторските и археолошките работи на наоѓалиштето Арача, во организација на Музејот на Војводина и Покраинскиот завод за заштита на спомениците на културата и во рамки на прекуграничната соработка на Унгарија-Србија [4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Crkva Sv. Arhanđela Mihaila, Arača, Посетено на 23. 7. 2015.
  2. Феликс Милекер: "Историја вароши Велики Бечкерек 1333-1918. године", репринт, Зрењанин 2011.
  3. Душан Поповић, С. Матић: "О Банату и банатском становништву у 17. веку", Сремски Карловци 1931.
  4. „Нови пројекат у оквиру ИПА програма прекограничне сарадње Мађарске и Србије“. Архивирано од изворникот на 2021-09-24. Посетено на 2020-11-12.

Литература

уреди
  • Станојев, Небојша (2004). Арача. Нови Сад: Музеј Војводине. ISBN 978-86-82077-21-3.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди