Арапска митологија
Араспаката митологија ги опфаќа предисламските верувања кај Арапите. Пред појавувањето и првичната кодификација на Исламот на Арапскиот Полуостров во 622, почетната година на исламскиот календар, физичкиот центар на Исламот, Кабата во Мека не чувала еден единствен симбол на „Бога“. Кабата била дом на голем број на симболи кои претставувале демони, џинови, полубогови и разни други суштества кои претставувале една сосема политеистичка средина во предисламска древна Арабија. Од ова мноштво можеме да изведеме заклучок за извонредно широкиот контекст во чии рамки се развивала митологијата.
Приказните за џинови, гулови, волшебни лампи, летечки килими и желби ги наоѓаме во дела како „Илјада и една ноќ“ и други преданија пренесени низ вековите од колено на колено.
Концептот за урокливо око е спомнат Куранот, во сурата ел-Фелек (каде се вели дека човек треба да се чува „од злото на завидливиот кога завидува“). За сузбивање на уроците од ова око се користи амајлијата наречена „хамса“ (Рака на Фатима), иако ова во Исламот е забрането, како и сите други талисмани и суеверија. Посветените верници пак, за благослов рецитираат разни стихови од сурите ен-Нас и ел-Фелек.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Gods, Demons and Symbols of Ancient Mesopotamia by Jeremy Black and Anthony Green (ISBN 0-292-70794-0)