Хамса (јазик арапски خمسة}}, -khomsah- — пет) е блискоисточна амајлија во облик на човечка дланка. Освен на Блискиот Исток, популарна е и во северна Африка, каде обично се употребува како накит или се закачува на ѕид.[1][2] Бидејќи претставува отворена дланка, ова амајлија е користена во многу семитски народи како заштита од Урокливо око.

Хамса закачена во автомобил, Тунис

Во аврамските религии хамса има посебни имиња, муслиманите ја нарекуваат Фатимина (според ќерката на Мухамед, Фатима Захри), евреите Мирјамина, а христијаните Мариина рака (според мајката на Исус). Името на арапски јазик значи пет, бидејќи раката на амајлијата има пет прсти — волшебен број за старите Семити.[3][4][5] Петопрстата рака води потекло од Месопотамија. Овој симбол е присутен на артефактите посветени на асирско-вавилонските божици Иштар и Инани како општ знак за заштита.[2] Кај турските народи иста намена има солзоликата амајлија назар, додека кај христијаните приближен еквивалент е крстот, ланче со симбол на оваа вероисповед.

Извори

уреди
  1. Bernasek, Lisa; Peabody Museum of Archaeology and Ethnology; Burger, Hillel S. (2008). Artistry of the everyday: beauty and craftsmanship in Berber art (Illustrated. изд.). Peabody Museum Press, Harvard University. стр. 12. ISBN 0-87365-405-6.
  2. 2,0 2,1 Sonbol, Amira El Azhary (2005). Beyond the exotic: women's histories in Islamic societies. Syracuse University Press. стр. 355–359. ISBN 0-8156-3055-7.
  3. Zenner, Walter P. (1988). Persistence and flexibility: anthropological perspectives on the American Jewish experience (Illustrated. изд.). SUNY Press. стр. 284. ISBN 0-88706-748-4.
  4. World Institute for Advanced Phenomenological Research and Learning (Belmont, Estados Unidos) (1991). Anna-Teresa Tymieniecka (уред.). Roman Ingarden's aesthetics in a new key and the independent approaches of others: the performing arts, the fine arts, and literature, Volume 3. Springer. стр. 219. ISBN 0-7923-1014-4.
  5. Drazin, Israel (2009). Maimonides and the Biblical Prophets. Gefen Publishing House Ltd. стр. 268. ISBN 965-229-430-6.

надворешни врски

уреди

Литература

уреди