Арамејска граматика
Арамејска граматика — поим со кој се опфаќаат морфолошките, синтаксните и семантичките одлики на арамејскиот јазик.
Општи одлики
уредиКако и кај останатите семитски јазици, така и кај арамејскиот, морфологијата е заснована на т.н. семитски корен или зборовен корен основно составен од три согласки. Ваквите корени се составени од три согласки и го даваат основното значење на еден збор. Со додавање на самогласки и останати согласки се изведуваат зборови од основниот. Така на пример е земен коренот „k-t-b“ (пишува):
- Kṯāḇâ, ракопис, натпис, текст, книга
- Kṯāḇê, Списите
- Kāṯûḇâ, секретар
- Kṯāḇeṯ, јас пишувам
- Eḵtûḇ, јас ќе пишувам
Збороредот на арамејскиот бил прирок-подмет-предмет. Кралскиот арамејски користел подмет-предмет-прирок, кое може било под влијание на персискиот јазик.
Именки и придавки
уредиИменките и придавките во арамејскиот јазик имаат род, број и состојба. Состојбата е нешто слично со падежот во индоевропските јазици. Арамејскиот има два рода, машки род и женски род. Женскиот род е често означен со наставката -â, која се пишува со буквата алеф. Хебрејската варијанта не е алеф, туку буквата хе, во согласност со хебрејскиот правопис. Именките може да бидат во единина или множина, но постои и двоина за именки кои се во пар. Двоината постепено исчезнала од арамејскиот со текот на времето и нема влијание во современите арамејски јазици.
Арамејските именки и придавки може да се појават во една од трите состојби:
- апсолутната состојба е оснивната форма на именките (на пример kṯâḇâ, 'ракопис'). Апсолутната состојба може да се користи во повеќето синтаксни употреби. Сепак, во средноарамејскиот апсолутната состојба за именките била заменета со нагласената состојба.
- конструктивен состојба е форма на именката која се користи да се искаже присвојност (на пример kṯāḇaṯ malkṯâ, 'ракописот на кралицата'). Кај именките од машки род единина конструктивниот статус одговара со апсолутниот, но може да има редукција на самогласки кај подолги зборови. Конструктивниот статус кај именките од женски и машки род множина е означен со наставки. За разлика од генитивот кај индоевропските јазици, кај конструктивниот статус се додава наставка за присвојност кај именката што е поседувана, а не кај именката што поседува. Ова е како последица на збороредот на арамејскиот.
- нагласената или определена состојба е форма на именката која има слична функција како членот, кој како граматичка категорија не постои во јазикот. Определената состојба е означена со наставки. Иако првично состојбата се користела да се означат само определените именки, во кралскиот арамејски јазик се означувале сите важни именки, дури и тие кои не би требало да се определат. Ова довело до многу ретка употреба во подоцнежните фази на арамејскиот.
Останатите северозападни семитски јазици имаат и апсолутна и конструктивна состојба, определената состојба е уникатна одлика на арамејскиот. Падежни наставки најверојатно постоеле во раните стази на јазикот и нивните траги можат да бидат видени во некои сопствени имиња. Сепак, сите наставки биле кратки самогласки и таквите не се пишувале, а подолгите наставки за генитив и акузатив за именки од машки род множина не се јасно воочливи. Често директниот предмет бил означен со претставката l- ако е определен.
Како и именките, така и придавките имаат род и број, а состојбите ги искажувале само ако биле својствени. Исказните придавки се во апсолутна состојба без разлика од состојбата на именката. Така, својствена придавка со определена именка, како во фразата „добриот крал“, се пишува исто како во определената состојба malkâ ṭāḇâ — крал[опред.] добар[опред.]. За споредба, исказната придавка, како во фразата „кралот е добар“ се пишува во апсолутна состојба ṭāḇ malkâ — добар[апс.] крал[опред.].
|
Белешка: Крајниот глас -â во поголем број овие примери се пишувал со буквата алеф. Во некои еврејски арамејски текстови тој глас се пишувал со буквата хе за женски род во апсолутна состојба. Исто така, во некои еврејско-арамејски текстови се користела хебрејската наставка -îm наместо -în за машки род апсолутна состојба. Определената наставка за множина -ayyâ има алтернативна верзија, -ê. Алтернативната верзија понекогаш се нарекува „отмена множина“, бидејќи имала проминентна употреба за етноними (на пример yəhûḏāyê, 'Евреите'). Алтернативната множина се пишувала со алеф, и останала како единствена множина за именки и придавки од овој вид во сирискиот и некои други арамејски јазици. Множината за машки род -ê се пишуваласо буквата јод. Во сирискиот и некои други арамејски дијалекти гласот преминал во дифтонгот -ai. |
Присвојните фрази во арамејскиот може да се создадат со конструктивната состојба или со поврзување на две именки со односната честичка d[î]-. Употребата на конструктивната состојба во средноарамејскиот исчезнала, вториот метод станал главен метод за искажување посед.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Следуваат примери за присвојност со фразата „ракописот на кралицата“:
- Kṯāḇaṯ malkṯâ — најстарата конструкција: прдметот кој е поседуван (kṯāḇâ, 'ракопис') е во конструктивна состојба (kṯāḇaṯ) а именката која поседува (malkâ, 'кралица') е во определена состојба (malkṯâ).
- Kṯāḇtâ d(î)-malkṯâ — двата збора се во определена состојба и односната честичка d[î]- се користи да се искаже односот.
- Kṯāḇtāh d(î)-malkṯâ —двата збора се во определена состојба и се користи честичката, но присвоената именка има прономинална наставка (kṯāḇt[â]-āh, 'ракопис-нејзин') што во буквален превод значи „нејзин ракопис, тој (од) кралицата“. Оваа форма е најчеста во современите арамејски јазици, а во библискиот арамејски не е присутна.
Глаголи
уредиГлаголот во арамејскиот се развивал во зависност од времето и местото каде се зборувал јазикот, па така тој се разликувал од дијалект до дијалект. Глаголските форми биле означени за лице, број, род, време, начин и залог. Арамејските глаголи имале прво, второ и трето лице, еднина и множина, машки и женски род, перфект и имперфект (свршен и незвршен глагол), заповеден, инфинитивен и исказен начин и активен, пасивен и повратен залог. Во арамејскиот имало развиена конјугација.
Време и аспект
уредиАрамејскиот имал две комбинации на аспектот и времето: перфект (или свршено) и имперфект (или несвршено). Овие првично биле аспектно времиња, но се развиле во нешто слично на прекажано и идно време. Перфектот не е означен, но имперфектот користел претставки кои варирале во согласност со лицето, бројот и родот. Во двете времиња трето лице еднина за машки род не е означен, од која другите форми се добиени со помош на наставки (а претставки за имперфектот).
лице и род | перфект | имперфект | ||
---|---|---|---|---|
ед, | мн. | ед. | мн. | |
3 л. м.р. | kəṯaḇ ↔ kəṯaḇ | kəṯaḇû ↔ kəṯaḇ(w)/kəṯabbûn | yiḵtuḇ ↔ neḵtoḇ | yiḵtəḇûn ↔ neḵtəḇûn |
3 л. ж.р. | kiṯbaṯ ↔ keṯbaṯ | kəṯaḇâ ↔ kəṯaḇ(y)/kəṯabbên | tiḵtuḇ ↔ teḵtoḇ | yiḵtəḇān ↔ neḵtəḇān |
2 л. м.р. | kəṯaḇt ↔ kəṯaḇt | kəṯaḇtûn ↔ kəṯaḇton | tiḵtuḇ ↔ teḵtoḇ | tiḵtəḇûn ↔ teḵtəḇûn |
2 л. ж.р. | kəṯaḇtî ↔ kəṯaḇt(y) | kəṯaḇtēn ↔ kəṯaḇtên | tiḵtuḇîn ↔ teḵtuḇîn | tiḵtəḇān ↔ teḵtəḇān |
1 л. м.р./ ж.р. | kiṯḇēṯ ↔ keṯḇeṯ | kəṯaḇnâ ↔ kəṯaḇn | eḵtuḇ ↔ eḵtoḇ | niḵtuḇ ↔ neḵtoḇ |
Глаголска конјугација
уредиКако и останатите семитски јазици, така и арамејскиот користел одреден број конјугации, или коренски наставки. Основната глаголска конјугација се нарекува „приземјен корен“ (ground stem) или „П-корен“ (G-stem). Следејќи ја традицијата на средновековните арапски граматичари, коренот се нарекувал „Pə‘al“ (или „Pe‘al“), со користење на тројниот корен „P-‘-L“, што значи „да прави“. Коренот го носи основното лексичко значење на глаголот. Со удвојување на вториот глас се добива „Д-коренот“ или наречен „Pa‘‘el“. Со ова се добива поинтензивен развој на значењето на глаголите. Така на пример, qəṭal значи „тој убил“, а qaṭṭel значи „тој убива“ (нешто поформално значење). Точната врска меѓу значењата на двата корена се разликува од глагол до глагол.
Со употреба на претставките ha-, a- или ša- се создава C-корен или т.н. Hap̄‘el, Ap̄‘el или Šap̄‘el. Ова е често широк или резултативен развој на основното лексико значење. На пример, ṭə‘â значи „тој заскитал“, а aṭ‘î значи ‘тој мамел’. Шапелот е наретко користена варијанта на С-коренот. Оваа варијанта се користела во акадскиот и најверојатно е познајмена конструкција во арамејскиот. Во доцниот староарамејски јазик имало постепено испуштање на почетниот глас „х“.
Овие три конјугации се дополнети со три изведени конјугации, произведени со претставките hiṯ- или eṯ-. Трите добиени корени се Пт-корен (Hiṯpə‘el или Eṯpə‘el), Д-корен (Hiṯpa‘‘al или Eṯpa‘‘al) и Ст-корен (Hiṯhap̄‘al, Ettap̄‘al, Hištap̄‘al или Eštap̄‘al). Нивното значење било обично повратно, но подоцна станало и пасивно.
корен | перфектен актив | имперфектен актив | перфектен пасив | имперфектен пасив |
---|---|---|---|---|
Pə‘al (П-корен) | kəṯaḇ ↔ kəṯaḇ | yiḵtuḇ ↔ neḵtoḇ | kəṯîḇ | |
Hiṯpə‘ēl/Eṯpə‘el (Пт-корен) | hiṯkəṯēḇ ↔ eṯkəṯeḇ | yiṯkəṯēḇ ↔ neṯkəṯeḇ | ||
Pa‘‘ēl/Pa‘‘el (Д-корен) | kattēḇ ↔ katteḇ | yəḵattēḇ ↔ nəkatteḇ | kuttaḇ | |
Hiṯpa‘‘al/Eṯpa‘‘al (Дт-корен) | hiṯkattaḇ ↔ eṯkattaḇ | yiṯkattaḇ ↔ neṯkattaḇ | ||
Hap̄‘ēl/Ap̄‘el (C-корен) | haḵtēḇ ↔ aḵteḇ | yəhaḵtēḇ ↔ naḵteḇ | huḵtaḇ | |
Hiṯhap̄‘al/Ettap̄‘al (Ст-корен) | hiṯhaḵtaḇ ↔ ettaḵtaḇ | yiṯhaḵtaḇ ↔ nettaḵtaḇ |
Користена литература
уреди- Beyer, Klaus (1986). The Aramaic language: its distribution and subdivisions. Vandenhoeck und Ruprecht. ISBN 3-525-53573-2.
- Casey, Maurice (1998). Aramaic sources of Mark's Gospel. Cambridge University Press. ISBN 0-521-63314-1.
- „Aramaic“. The Eerdmans Bible Dictionary. Grand Rapids, Michigan, USA: William B Eerdmans. 1975. ISBN 0-8028-2402-1.
- Frank, Yitzchak (2003). Grammar for Gemara & Targum Onkelos ((expanded edition). изд.). Feldheim Publishers / Ariel Institute. ISBN 1-58330-606-4.
- Heinrichs, Wolfhart (ed.) (1990). Studies in Neo-Aramaic. Atlanta, Georgia: Scholars Press. ISBN 1-55540-430-8.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Nöldeke, Theodor (2001). Compendious Syriac Grammar. Winona Lake: Eisenbrauns. ISBN 1-57506-050-7.
- Richard, Suzanne (2003). Near Eastern Archaeology: A Reader (Illustrated. изд.). EISENBRAUNS. ISBN 1-57506-083-3, 9781575060835 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - Rosenthal, Franz (1995). A Grammar of Biblical Aramaic (6, revised. изд.). Otto Harrassowitz, Wiesbaden. ISBN 3-447-03590-0.
- Sabar, Yona (2002). A Jewish Neo-Aramaic Dictionary. Harrassowitz. ISBN 978-3-447-04557-5.
- Sokoloff, Michael (2002). A Dictionary of Jewish Babylonian Aramaic. Ramat Gan: Bar-Ilan UP; Johns Hopkins UP. ISBN 965-226-260-9.
- Sokoloff, Michael (2002). A Dictionary of Jewish Palestinian Aramaic (2. изд.). Bar-Ilan UP; Johns Hopkins UP. ISBN 965-226-101-7.
- Stevenson, William B. (1962). Grammar of Palestinian Jewish Aramaic (2. изд.). Clarendon Press. ISBN 0-19-815419-4.