Антре
Островот Антре (француски: île d'Entrée, со значење „Остров на влезот“) е единствениот населен остров на архипелагот на Мадленските Острови во Квебек кој не е поврзан со копнен пат со остатокот од архипелагот. Неговото име произлегува од неговата географска положба во однос на другите острови поради тоа што се наоѓа на влезот на Заливот Плезанс.
île d'Entrée | |
---|---|
Географија | |
Место | Залив Сент Лоренс (Атлантски Океан) |
Архипелаг | Острови Мадлен |
Највисоко место | 174 м |
Држава | |
Провинција | Квебек |
Регион | Гаспези–Острови Мадлен |
Најголема Општина | Општина Антикости |
Демографија | |
Население | 70 (2017) |
Јазици | англиски и француски |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
Антре е една од трите англофонски заедници на Мадленските Острови, а другите две се Грос-Ил и Стариот Хари.
Географија
уредиПовршината на островот изнесува помалку од 3 километри во пречник. Најблиското копно, дината Бу ди Бан, со која завршува островот Авр Обер се наоѓа на околу 5 километри. Наспроти североисточниот врв на островот, на оддалеченост од неколку метри, карпата Корморандиер е дом на разновидни птици.
Работ на островот сочинува карпи со разни бои и форми. Во центарот има една мала пошумена област. Крави и коњи пасат слободно во преријата околу која има ридови. Единствен грабливец тука е црвената лисица.
Неговите големи црвени карпи, видливи од централните острови, се дом на голем број гнезда за птици.
Биг Хил
уредиНајвисоката точка на островот Антре, Биг Хил (170 метри) е и највисокиот врв на архипелагот. Тоа е рид со тркалезен релјеф, кој се издига во центарот на преријата.
Демографија
уредиВо моментов островот живеат околу 70 жители (според пописот во 2017, околу 95 во 1995 година) кои се главно од англофонско потекло, од шкотско и ирско потекло како и неколкумина франкофони.
Стопанство
уредиЛокалната економија е заснована на риболов и мнозинство од жителите на островот своите приходи ги имаат првенствено од ловење морски видови, вклучително и јастог.
Сообраќај
уредиОд април до декември, островот Антре е поврзан со Кап о Мел со траект на Транспортното претпријатие на Квебек кое врши по две тури на ден. Од 2008 година, нов брод, поголем (за 45 патници) и помодерен од стариот го обезбедува преминот заедно со други одредени услуги на населението: транспорт на тешки машини, транспорт наморска вода за борба против пожари, мразокршачи, услуги за хендикепираните и лицата со намалена подвижност. Во зима, островот е поврзан со остатокот од архипелагот со мал авион.
Услуги
уредиОстровот има две продавници, ресторан, црква, основно училиште и поштата. Туристичка ложа е отворена во текот на летото[1]. Генератори со моќност од 1200 киловати се управувани од Дистрибуција Хидро-Квебек ги снабдуваат жителите со електрична енергија.
Историја
уредиЛичности
уреди- Ајван Квин, поранешен кмет на селото, кантри-музичар и пејач е најпозната личност на островот. Патеката што води кон Биг Хил е именуван во негова чест. Новиот траект исто така бил именуван во негова чест, Ivan Quinn. Музеј во негово име бил отворен на островот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Portail officiel des Îles de la Madeleine“. Portail officiel des Îles de la Madeleine (француски). Посетено на 2018-12-29.