Антони Барањак, СДБ (1 јануари 1904 - 13 август 1977) бил полски салезиец кој служел како надбискуп на Познањ од средината на 1957 година до неговата смрт.[1][2][3] Барањак студирал во Полска и во Рим пред неговото ракополагање и служел како приватен помошник на кардиналите Август Хлонд и Стефан Вишински; тој бил посветен на двајцата мажи и служел со двајцата за време на Втората светска војна и зголемената комунистичка репресија. Тој служел како епископ во Гњезно пред да биде назначен за архиепископ, иако непосредно пред тоа бил уапсен. Комунистичките власти го испрашувале и го мачеле Барањак додека бил затворен, но молчел и одбил да им каже за активностите на прелатите.[3][4]

Антони Барањак
Архиепископот од Познањ
ЦркваРимско католичка црква
АрхиепископијаПознањ
СедиштеПознањ
Назначен30 мај 1957
Ракоположен2 јули 1957
Службата завршила13 август 1977
ПретходникВаленти Димек
НаследникЈержи Строба
Редови
Ракоположен3 август 1930
од Адам Стефан Сапиеха
Осветување8 јули 1951
од Стефан Вишињски
ЧинАрхиепископ
Лични податоци
Световно имеАнтони Барањак
Роден1 јануари 1904(1904-01-01)
Себастианово, Полска
Починал13 август 1977(1977-08-13) (возр. 73)
Познањ, Полска
Претх. служба
Обр. установаПапски Грегоријански универзитет
ГеслоDa mihi animas caetera tolle

Биографија

уреди
 
Барањак и папата Павле VI во 1976 г.
 
Неговиот погреб

Образование и свештенство

уреди

Антони Барањак бил роден на 1 јануари 1904 година во Себастианово.

На 1 септември 1917 година отпатувал за Ошвиенчим за да го започне своето средно образование кај Салезијанците од Дон Боско на кои решил да им се придружи кога решил дека сака да стане свештеник. Барањак го започнал своето свештенство со одобрувањето во 1920 година и ја започнал својата кариера на 28 јули 1921 година.[3] Од 1921 до 1924 година го посетувал Филозофскиот факултет во Краков, каде се стекнал со диплома на 30 мај 1924 година. Служел и како учител во Клечка Долна и во Варшава од 1924 до 1927 година кога бил испратен на теолошки студии на Папскиот Грегоријански универзитет во Рим каде што престојувал до 1931 година по стекнувањето докторат.[4][3]

Барањак го добил своето ракополагање за свештенство во кармелитската црква во Краков на 3 август 1930 година од Адам Стефан Сапиеха.[2] Подоцна бил назначен во 1933 година да служи како капелан и помошник на кардиналот Август Хлонд и го придружувал кардиналот за време на Втората светска војна, што ги натерало да избегаат од Полска извесно време. Двајцата најпрво пребегнале во Романија пред да заминат за Франција, престојувајќи во Лурд.[3] Заедно заминале кон Париз, а потоа и во Рим во мај 1945 година откако војната на европскиот фронт завршила и се вратиле во нивната родна Полска на 20 јули 1945 година во Познањ. Тој и Хлонд ги посетиле полските бегалци за време на војната и биле вклучени во добротворни организации за да ги ублажат страдањата на раселените и сиромашните. [4]

Епископија и затворска казна

уреди

Кога Хлонд починал во 1948 година, Антони станал помошник и капелан на наследникот на Хлонд, Стефан Вишињски. Ова подоцна прераснало во блиско и длабоко пријателство. Барањак бил присутен на смртната постела на Хлонд кога го прогласил Вишински за негов наследник. Тој го придружувал Вишински на неговата прва „ad limina apostolorum“ посета на папата Пие XII во април 1951 година, непосредно пред Барањак да биде именуван за епископ. На 26 април 1951 година пристигнала вест дека Пие XII го назначил за титуларен епископ и помошен епископ на Гњезно. Неговото епископско осветување во катедралата во Гњезно се одржало на 8 јули 1951 година од самиот Вишински. На 12 јануари 1953 година, присуствувал на конституцијата во базиликата Свети Петар на која Пие XII го именувал Вишински како кардинал. Во текот на ноќта на 25 септември 1953 година, тој и Вишински биле во епископската палата кога и двајцата прелати (црковни достоинственици) биле уапсени откако полицајците упаднале на местото. Барањак се обидел да ги задржи, но еден офицер му викнал: „Рацете горе или ќе пукам!“ Десет агенти влегле и ја пребарале канцеларијата. Утрото на 24 септември му било кажано дека е донесена одлука за негово апсење и му наредиле да се облече. Кога прашал како да облече, еден полицаец му одговорил да облече „нешто топло“.

Притвор бил во затворот Мокотов каде бил испрашуван и измачуван. Спроведени биле 145 испрашувања кои често траеле со часови. По пристигнувањето му ја одзеле актовката и бројаницата и бил испратен во бетонска ќелија која имало чинија и тоалет, како и мала столица и бокал со вода до креветот.[5] Мачењето вклучувало кинење на ноктите, стоење гол во мраз и измет долго време, а дури му била одбиена храна и медицинска нега, како и посети и комуникација.[6] Неговата докторка Милада Тикова, која го прегледала во 1976 година и забележала дека грбот му бил покриен со лузни што ги претрпел од тепањето додека бил во затвор. Ослободен бил на 30 октомври 1956 година. Комунистите особено биле заинтересирани за периодот кога како студент престојувал во Рим и за контактите што ги создал таму, верувајќи дека тие се од „шпионска природа“, а одделот за внатрешни работи ги следел неговите разговори.[5]

Подоцнежни активности

уреди

Барањак го придружувал кардиналот Вишински на уште една „ad limina apostolorum“ посета на папата која се одржала на 14 мај 1957 година само неколку недели пред неговото архиепископско унапредување.[7] Пиј XII го назначил Барањак за најнов архиепископ на Познањ на 30 мај 1957 година, а новиот архиепископ бил востоличен во неговото ново епископско седиште на 2 јули 1957 година, додека подоцна го добил Палиумот на 8 септември 1958 година од Болеслав Филипиак[8]. Течно го говорел италијанскиот јазик и присуствувал на сите седници на Вториот ватикански собор од 1962 до 1965 година на изготвувањето на Dignitatis humanae. Барањак подоцна учествувал на Бискупскиот синод во 1971 година и присуствувал на блаженството на Максимилијан Колбе во 1971 година и на блаженството на Марија Тереза ​​Ледочовска во 1975 година.

Надбискупот бил познат по тоа што пушел цигари, што му станало навика додека бил во затворот, а понекогаш сакал да ужива во чаша вино или коњак. Бил близок пријател со кардиналот Карол Јозеф Војтила (идниот папа Јован Павле Втори) и за него имал длабоко верување дека има потенцијал да биде избран за папа во иднина.

Барањак бил ракоположник и осветил истакнати поединци, како што биле кардиналот Зенон Грохолевски во 1963 година и идниот архиепископ Марек Једрашевски во 1973 година[9].

Неговата смрт и погреб

уреди

Починал по долгогодишно боледување на 13 август 1977 година во болница во Познањ и бил погребан во митрополитската катедрала.[3] Неговиот пријател кардинал Војтила кој го посетил во август во болница, одржал говор на погребот за Барањак, заедно со Вишињски, кој го читал пофалбата.

Блаженство

уреди

Репутацијата на Барањак за неговата светост и начинот на живот и неволјите кои следеле поради тоа, поттикнале повик за негово блаженство. Со 3000 потписи била поднесена петиција во која се бара од надлежните црковни власти да го започнат процесот за негово блаженство. [4] Надбискупот Станислав Гадецки на 6 октомври 2017 година објавил дека ќе поднесе барање до Конгрегацијата за каузите на светците да го отпочнат процесот, кој ќе биде во Познањ, Полска.

Духовни титули
Претходник
Доменико Дела Ведова
— ТИТУЛАРНО —
Титуларен епископ Теодосиополски во Ерменија
26 April 1951 – 30 May 1957
Наследник
Хорацио Артуро Гомез Давила
Претходник
Луцјан Бернацки
Помошен епископ од Гњезно
26 April 1951 – 30 May 1957
Наследник
Анджеј Вронка
Претходник
Валенти Димек
Надбискуп на Позањ
30 May 1957 – 13 August 1977
Наследник
Јержи Строба

Наводи

уреди
  1. „Archbishop Antoni Baraniak“. 16 August 1977.
  2. 2,0 2,1 „Archbishop Antoni Baraniak, S.D.B.“. Catholic Hierarchy. Посетено на 7 October 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Eman Bonnici (24 April 2008). „Rev. Antoni Baraniak“. Find a Grave. Посетено на 7 October 2017.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Archbishop Antoni Baraniak: Da mihi animas caetera tolle. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 7 October 2017.
  5. 5,0 5,1 „Archbishop Antoni Baraniak: Da mihi animas caetera tolle. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 7 October 2017.
  6. Eman Bonnici (24 April 2008). „Rev. Antoni Baraniak“. Find a Grave. Посетено на 7 October 2017.
  7. „Archbishop Antoni Baraniak: Da mihi animas caetera tolle. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 7 October 2017.
  8. „Archbishop Antoni Baraniak, S.D.B.“. Catholic Hierarchy. Посетено на 7 October 2017.
  9. „Archbishop Antoni Baraniak, S.D.B.“. Catholic Hierarchy. Посетено на 7 October 2017.