Неофит VII Цариградски
Неофит VII Цариградски — Вселенски патријарх во два наврати во периодите од 1789 до 1794 година и од 1798 до 1801 година.
Тој по потекло бил од Смирна. Се школувал во познатото „Верско училиште“ во градот, каде бил соученик на Никодим Светогорец.Тој бил инзвореден ученик и бил против популаризацијата на верските текстови[1], бидејќи сметал дека ова ќе доведе до вулгаризација.[2].
Тој бил архиѓакон во патрјаршијата и во мај 1771 година бил избран за епископ на Маронија. Во мај 1789 година го наследил Прокопиј како Вселенски патријарх. Иако го сметале за одличен патријарх, сепак, бил присилен да се повлече на 1 март 1794 година и да се повлече во Халки а подоцна на Родос, па на Патмос и Света Гора. Бил повторно избран за патријарх во 1798 година но во 1801 година се повлекол и бил протеран на Света Гора.
Додека бил патријарх го екскомуницирал професорот по филозофија Христодулус Памплекис, и го возобновил Големото училиште и биле основани голем број на училишта. Бил противник на пантеизмот и ја осудил книгата „Под постојана причесна“, чиј автор бил поранешниот митрополит Макариј Коринтски. За време на неговото начелствување и по многу дебати, преводот и објавувањето на правилата на православието биле одобрени од негова страна. Па така го издал и делото на Никодим Светогорец, „Кормило“ во [3], Цариград. Со негова дозвола била отворена и патријахалната печатница и издадени правилата на Јован IV.
Наводи
уреди- ↑ ... st see regular church prosaic phrase ekdidonai, lest the sacred rules are familiar interim bulk lao ... [http: //www.greek-language.gr/greekLang/studies/history/thema_18/pop11.html]
- ↑ Antonis Liakos, [http: // www. greek-language.gr/greekLang/studies/history/thema_18/ Language and Nation in Modern Greece]
- ↑ Spyros Karydis, "The handwritten version of the Circular of the former Constantinople Neophytou Z (1802 ) for additions to a version of Pedalion "The compiler 27 (2009), 259-262
Извори
уреди- Ecumenical Patriarchate Архивирано на 20 јули 2017 г.
- Encyclopedia Hellenic
- from Maronia The Ecumenical Patriarch Neophytos the Z Архивирано на 4 март 2016 г. newspaper "Time" of Komotini, 21.10.2005
- Karydis, Spiros Ch. (2009). „The handwritten version of the Circular of the former Constantinople Neophytos VII (1802) for additions to the first edition of Pedalion“. The compiler. Study Group of the Greek Enlightenment. 27: 259–262. doi:10.12681 / er.94 Проверете ја вредноста
|doi=
(help).
Надворешни врски
уреди- Patriarch Neophytos VII Архивирано на 11 јуни 2020 г. (Ex anecdote code Jn. Therapeianou morning) Предлошка:Pdf
Претходник Прокопиј |
Цариградски патријарх 1789-1794 (прво начелствување) |
Наследник Герасим III |
Претходник Григориј V |
Цариградски патријарх 1798-1801 (второ начелствување) |
Наследник Калиник V |