Анте Хаџимитровски
Анте Хаџимитровски - Ацо (6 јануари 1927 во Скопје — 3 април 1944 во Пробиштип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Анте Хаџимитровски | ||
Роден | 6 јануари, 1927 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 3 април, 1944 година Пробиштип, Македонија |
Животопис
уредиПроизлегува од службеничко семејство. Основно училиште завршил во градот и го продолжил образованието во гимназија. Потоа продолжил да учи во Софија. Во септември 1942 година се запишал во Воената академија. Таму се здружил со уште 6 прогресивно ориентирани Македонци, со кои редовно одржувале состаноци како актив, трудејќи се да бидат во тек со настаните во Македонија. Во средината на јули 1943 година, кога бил дојден во Скопје на летниот распуст, добил врска и заминал во Шарпланинскиот одред. Во ноември 1943 година, со одредот заминал за Дебарца, каде била формирана Првата македонско-косовска бригада. Подоцна заминал во посебна единица на Козјак. Таму се приклучил во Кумановскиот партизански одред, а подоцна и во редовите на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите победоносни борби на Бригадата. Во нападот за ослободувањето на Пробиштип смелиот и примерен командир на чета, храбро загинал на 3 април 1944 година. Неговите соборци со закопале во Пробиштип.
Градските власти и населението на Пробиштип, секоја година го чествуваат токму овој датум (3 април) како одлучувачки за слободата на градот Пробиштип.[2]
Наводи
уреди- ↑ Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 156–157. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Одбележан 3 Април – Ден на нападот на рудниците во Пробиштип | Општина Пробиштип“.