Анте Готовина (роден на 12 октомври 1955) е хрватски пензиониран генерал-полковник и поранешен француски постар капетан кој служел во Хрватската војна за независност. Тој е познат по својата примарна улога во операцијата "Бура" од 1995 година. Во 2001 година, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) против него поркренал обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото сторени за време на операцијата Бура.[1] Откако четири години се криел, тој е заробен на Канарските Острови во декември 2005 година.[2] На 16 ноември 2012 година, обвиненијата против Готовина биле повлечени од страна на комисија за жалби во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и е ослободен од притвор.[3][4][5]

Животопис

уреди

Анте Готовина е роден во Ткон на островот Пашман . Неговиот татко Милан се обидел да се пресели со неговата мајка во Италија, но бил фатен од југословенската погранична полиција. Неговата мајка е пуштена додека неговиот татко бил испратен во затвор. Кога Готовина имал околу четири, неговата мајка загинала. Потоа, татко му се преселил во Загреб, додека Анте и неговите браќа и сестри отишле да живеат со својот дедо по мајка Шиме во Пакоштане. Околу Велигден во 1971 година, Готовина со свој пријател се обиделе да избегаат. Наскоро се вратиле во Пакоштане откако бура им предизвикала проблеми на море. Анте го криел обидот за бегство од своето семејство и продолжил го посетува електротехничкото учлилиште во Задар.

Има помлад брат Борис и помлада сестра Аница, како и полубраќа Шиме и Бранимир од вториот брак на неговиот татко. Со неполни 17 години го напушта школувањето и две години подоцна, се придружил на Легијата на странци каде што добива нов идентитет - Иван Грабовац. После обуката е распореден во падобранско-диверзантски полк. Првата воена акција ја имал во Џибути во 1974, а потоа следеле интервенции во Чад, Заир, Брегот на Слоновата Коска. Во 1982 година работи како воен инструктор во Гватемала, Колумбија и Парагвај, со повремени посети на Габон.

Наводи

уреди
  1. „The Cases: Gotovina et al. (IT-06-90)“. ICTY. Архивирано од изворникот на 27 April 2011. Посетено на 15 April 2011.
  2. „Top Croatian war crimes fugitive apprehended in Spain“. CNN. 8 December 2005. Архивирано од изворникот на 19 November 2012. Посетено на 18 November 2012.
  3. „Tribunal Overturns Convictions of Croat Generals“. Yahoo News. Associated Press. 16 November 2012. Архивирано од изворникот на 19 November 2012. Посетено на 16 November 2012.
  4. „Croatia celebrates after Gotovina and Markac convictions overturned“. The Australian. Agence France-Presse. 17 November 2012. Архивирано од изворникот на 20 November 2012. Посетено на 18 November 2012.
  5. Kuzmanovic, Jasmina (16 November 2012). „Freed Croatian War Generals Return Home to Hero's Welcome“. Bloomberg. Архивирано од изворникот на 20 November 2012. Посетено на 18 November 2012.