Аница Карговска-Клисарова
македонска универзитетска професорка и анатом
Аница Карговска-Клисарова (моминско: Димкова; р. 30 јануари 1933 во Скопје) — македонска универзитетска професорка и анатом.
Аница Карговска-Клисарова | ||
Родена | Аница Димкова 30 јануари 1933 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | анатом |
Животопис
уредиАница Карговска-Клисарова дипломирала медицина во Скопје во 1961 година, а докторирала во Белград за супракоронарните миокардни снопови и нивното влијание на коронарните артерии (1972 г.). Ги истражувала типовите на дистрибуција на коронарните артерии и развојните малформации на срцето. Била шеф на Катедрата по анатомија и директор на Институтот за анатомија (1988-1998).[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Караџов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 676. Text "series " ignored (help)