Андон Грков
Андон Грков, познат и како Даскал Андон ( во Сачишта, Егејска Македонија — 1878 во Ваташа) — македонски просветен работник и учител, доселени во Ваташа.[1]
Животопис
уредиНеговиот татко Мишо заедно со целото семејство поради теророт на познатиот турски насилник Али Паша Јанински се преселиле во Ваташа. Своите први чекори во образованието Андон ги направил во Ваташа, а негов прв учител бил Даскал Камче. Набргу и самиот станал учител во Ваташа, Кавадарци и Неготино каде учителствувал бил познат како Даскал Андон.[1]
По заминување во Битола на синот на Даскал Камче, Димитар Поп Ангелов, учителот Андон повторно се вратил во Ваташа, каде како учител работи скоро 45 години. За време на неговото учителствување е заслужен за изградба на големото ваташко училиште, бездруго најголемата училишна зграда во тој период во Македонија. Како учител се служел со старите училишни методи, а дисциплината ја спроведувал со помош на "фалагата" и останатите строги дисциплински санкции спрема учениците.[1] Во ова училиште учителствувале во тоа време најдобрите македонски учители, како Арсени Костенце, Андон Грков, Алексие Поп Стефанов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Туше Дели Иванов, Ѓорѓи Милетич и други.[2]
Во 1864 година учителот Андон бил заменет од страна на учителот Андон Костенцев од Штип. Андон умрел во Ваташа во 1878 година, како еден од првите и најпочитувани ваташки учители.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „150 години од читалиштето во Ваташа. Кога учителите земале трипати повисока плата од колегите во Кавадарци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-20.