Ваташкото училиште „Даскал Камче“
Ваташкото училиште „Даскал Камче“ — едно од првите читалишта на село во Македонија, отворено на 19 септември, 1869 година.[1][2][3]
Изградба и дејност
уредиЈордан Хаџи Константинов-Џинот пишувал за постоењето и функционирањето на читалиштето со напис во весникот „Право”. Просториите во кои било сместено читалиштето се наоѓале во училиштето кое го носело името на првиот македонски печатникар и преродбеник Даскал Камче Поп Ангелов.[1] Училиштето имало приземје и спрат, а било долго 22, а широко 12 метри. Имало две големи училници, помошни простории, како и соба за учителот. Училиштето започнало да се гради во 1860 година кога главен учител во Ваташа бил Андон Грков.[2][4] Селото Ваташа, било едно од првите од таков вид читалишта на село во Македонија. Било снабдено со весници, списанија и книги. На годишнината од формирањето на читалиштето, на 3 јуни 1870 година, жителите од Ваташа по завршувањето на богослужбата во црквата „Св. Богородица“ заминале во читалиштето и поголем дел од нив подариле пари за купување нови книги.[1] Меѓу дарителите биле: Хаџи Ѓорѓи Китанов – 20 гроша, Димитар Стојанов – 30 гроша, Алекси Поп Стефанов, учител - 21 грош, Даскал Тодор – 90 гроша, Христо Златев – 21 грош, Стојко Усков – 40 гроша, Стојан Станоев – 35 гроша, а од преостанатите присутни донатори биле собрани уште 112 гроша.[3]
Како факт кој кажува дека селаните ја сакале книгата и имале почит спрема неа, се гледа преку списокот на претплатници за книгата „Служение еврејско”, од кои 312 македонски, 38 биле од Тиквешијата, а од нив, 13 биле од Ваташа. Меѓу нив биле и: Даскал Камче Колев Поп Ангелов, поп Ангеле, поп Крсте, поп Михаил, Јанаки Темелко Пинџуров, Апостол Темелков, Христо Јорданов, Томе Коџобашијата и Кимо Ќурчиев.[1][3]
Во него голем народен собир во септември 1901 година одржал Гоце Делчев, кој притоа рекол: „Чувајте го ова убаво училиште како очите во главата, затоа што куќа може полесно да се изгради, но не и вака големо и убаво училиште“. Денес училиштето не постои, а се наоѓало спроти црквата Св. Богородица.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Кавадарци одбележува 148 години од отворањето на Народно читалиште во Ваташа“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-06-20.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Камчевски, Петре (2017). „Стари фотографии на Кавадарци - Читалиште во Ваташа“. www.rtk.mk. Архивирано од изворникот на 2024-06-20. Посетено на 2024-06-20.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „150 години од читалиштето во Ваташа. Кога учителите земале трипати повисока плата од колегите во Кавадарци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-20.
- ↑ Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407. ISBN 978-608-4621-04-1.