Англиска воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ
Англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ (дејствувала во периодот од септември 1943 до 24 јуни 1945). Во септември 1943 г. британската Служба за специјални операции (СОЕ) испратила две воени мисии на територијата на Македонија што требало да се придружат на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Црвена Вода.
- Првата мисија, со кодирано име Monkeywrench, била предводена од Џорџ Квајн,
- Втората мисија, со кодирано име Mulligatawny, била предводена од Мостин Дејвис.
Текот на мисијата
уредиЧленовите на двете мисии биле спуштени на територијата на Албанија кај селото Лење. Мисијата била раководена од капетанот Мостин Дејвис при силите на Бали Комбетар. Истиот ден се спуштила и мисијата на мајорот Џорџ Квајн. При крајот на септември двете мисии дошле на територијата на Македонија. По добиената директива од Сојузничката команда на Средниот Исток во Каиро, на 5 октомври 1943 г. мисијата на Мостин Дејвис пристигнала во Главниот штаб на НОВ и ПОМ во селото Црвена Вода, каде што претходните денови пристигнала и мисијата на Џорџ Квајн.[1]
Со истата наредба Џорџ Квајн бил одреден за шеф на Англиската воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Тие биле сведоци на борбите на единиците на НОВ и ПОМ за ослободување на Кичево и Дебар.[1] До крајот на војната седум британски воени мисии биле испратени во поголемите единици на НОВ и ПОМ и директно следеле и го известувале својот штаб во Каиро за борбата на македонските партизани. Нивна задача била да се запознаат со НОВ во Македонија, под чие раководство се водела војната и кои се нејзините цели. Првите количества британско оружје пристигнале на 7 октомври 1943 година.[1]
По Ослободувањето мисиите се префрлиле во Скопје, дел од нив биле евакуирани, а дел останале да известуваат за настаните во Македонија.
Британските мисии на територијата на Вардарскиот дел на Македонија се задржале до јуни 1945 г., кога бил отворен првиот Британски конзулат (24 јуни 1945). Прв британски конзул по Ослободувањето бил Леонард Артур Скоуп.[2][3]
Присуството на мисиите при Главниот штаб на НОВ и ПОМ значело и признавање на придонесот на НОВ и ПОМ во заедничката борба на Антихитлеровата коалиција против силите на Оската.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 28. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Д-р Тодор Чепреганов, Британската управа за специјални операции (СОЕ) во Македонија: Британските воени мисии во Македонија (1942–1945), Скопје, 2001;
- ↑ Велика Британија и Македонија. Документи 1942–1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2000.