Анастас Христов
Анастас Анастасов Христов ( 1913 во Цариград, Отоманско Царство — 20 октомври 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Анастас Христов | ||
Роден | 1913 година Константинопол, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 20 октомври, 1944 година Скопска Црна Гора |
Животопис
уредиЗавршил правен факултет и како правник се доселил и работел во Скопје. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на оваа единица учествувал во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора. Во борбите се истакнал како храбар борец, но од тешките напори на војувањето се разболел и починал на 20 октомври 1944 година.[1]