Јангцекјаншка Плоча

тектонска плоча

Јангцекјаншка Плоча (или Јужнокинеска Плоча) — тектонска плоча која го опфаќа поголемиот дел од јужна Кина. На исток се граничи со Окинавската Плоча во расед кој го образува Окинавскиот Ров (кој е задлачен басен), на југ со Сундската и Филипинската Плоча, а на север и запад со Евроазиската Плоча. На Лунгменшанскиот Расед сместен на таа граница во 2008 г. се случил големиот Сечуански земјотрес.[1]

Јангцекјаншка Плоча
Јангцекјаншката Плоча
Видмала
Движење1југоисточно
Брзина115 мм годишно
ОпфаќаКина
1Во однос на Африканската Плоча

Плочата настанала со распадот на суперконтинентот Родинија пред 750 милиони години, за време на неопротерозоикот. Јужна Кина се раседила од суперконтинентот Гондвана за време на силурот. При создавањето на големиот суперконтинент Пангеја, јужна Кина била помал одделен континент сместен кај источниот брег на суперконтинентот и се движела на север. Во тријасот Јангцекјаншката Плоча се судрила со Севернокинеската, притоа сврзувајќи се со Пангеја, иа ја образувала Сечуанската Котлина. Во кенозоикот, Јангцекјаншката Плоча била засегната од судурот на Индиската и Евроазиската Плоча, со што се издигнал венецот Лунгмен.[2] Јужното движење се случува долж Црвеноречниот Расед.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „汶川8.0级地震成因分析“. Земјотресна управа на Кина. 30 мај 2008. Посетено на 7 септември 2008.
  2. JIA ChengZao, LI BenLiang, ZHANG XingYang & LI ChuanXin (ноември 2007). „Formation and evolution of the Chinese marine basins“. Chinese Science Bulletin. 52 (S1): 1–11. Bibcode:2007ChSBu..52S...1J. doi:10.1007/s11434-007-6012-x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Извори

уреди