Ампир (Фабержеово јајце)
Ампир, Нефритово или медалјон Александар III – едно од украсните велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1901-1902 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на мајка си, царицата-мајка Марија Фјодоровна, на Велигден 1902 година.
Ампир Нефритово | |
---|---|
Година на изработка | 1902 |
Нарачател | Николај II, поклон за Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Приватна колеција, САД |
Година на стекнување | последно позната во средината на 1990 години |
Дизајн и материјали | |
Мастер | непознат, веројатно Михаил Перкин[1] |
Употребен материјал | злато, нефрит |
Висина | непозната |
Ширина | непозната |
Изненадување | минијатура |
Опис
уредиИмето на јајцето се однесува на фактот дека е направено во стилот ампир, од нефрит [2]. Оригиналната Фабержеова фактура за ова дело гласи: „Јајце ампир, од нефрит, со злато, два дијаманти и минијатури“. Јајцето повторно се појавило во средината на 1990-тите, а некои истражувачи на Фаберже биле на погрешно мислење дека ова јајце е украсено со портрет во медалјон на Александар III од Русија, иако оригиналната сметка не споменува портрет на Александар III.[3] Оваа грешка е резултат на погрешното толкување на листата за избор на скапоцености на Московската комора. Овој список забележал „јајце од нефрит, на златна основа, и со портрет на царот Александар III во медалјон"[4] Поради ова, многу истражувачи биле сигурни дека во 1902 година царското јајце содржи портрет на Александар III, иако немало докази за тоа.
Но во 2015 година, во текот на работата на специјалната експертска група бил пронајден уникатен историски документ „Список на лична сопственост на царицата-мајка Марија Фјодоровна, сместена во складиште во Гатчинскиот дворец“ до 28 јули 1917 година. Оваа книшка од 12 страни наведува најмалку 150 предмети , вклучувајќи ги и 7 царски Фабержеови јајца, кои ѝ припаѓале на царицата-мајка Марија Фјодоровна. На втората страница од овој документ, под број 10, стои ставка „Јајце на златна основа, на два нефритни столба, со портрети на великата војвотка Олга Александровна и војводата Олденбург“. Овој опис бил најточен, што истражувачите на Фаберже го имале во тој момент. Тоа било јајце, кое погрешно се сметало за „јајце од нефрит, на златна основа и со портрет на царот Александар III во медалјон“.
Верзијата на овој подарок на царицата-мајка Марија Фјодоровна, исто така се потврдува со фактот дека во 1901 година била свадбата на Олга Александровна и Петар Олденбург. Овој настан бил многу важен за Марија Фјодоровна, бидејќи не сакала нејзината ќерка да ја напушти Русија (во случај на нејзин брак со некој од членовите на европските династии). Фабержеовите јајца обично имале некое значење - комеморативни или важни настани од претходната година.
Изненадување
уредиИзненадување во ова јајце се минијатури на великата војвотка Олга Александровна и војводата Петар Олденбург.
Сопственост
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Will Lowes; Christel Ludewig McCanless (2001). Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press. стр. 78. ISBN 978-0-8108-3946-5.
- ↑ 1902 Empire Nephrite Egg, Mieks Fabergé Eggs
- ↑ Skurlov, Valentin; Faberge, Tatiana; Proper, Lynette G. (August 1997). The Faberge Imperial Easter Eggs. Christie's. стр. 183. ISBN 090343248X.
- ↑ Tutova, Tatiana (2015). The Russian Imperial House court treasures destiny. The state historical-cultural museum-reserve "The Moscow Kremlin". стр. 7. ISBN 978-5-88678-287-5.
Извори
уреди- Т. Фаберже, Н. Башмаков, Д. Кривошей (сост.), Н. Никольсон, А. и В. Палмейд, В. Скурлов. Фаберже. Императорское пасхальное яйцо «Ампир» 1902 года. М.: ООО «Буки Веди», 2018. 160 с. ISBN 978-5-4465-1824-1