Алимбегова куќа
Алимбегова куќа — куќа која се наоѓа во Тетово, Македонија. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.
Алимбегова куќа | |
---|---|
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Тетово" does not exist | |
Општи податоци | |
Статус | здравствен дом Културно наследство |
Стил | необарок османлиска архитектура |
Адреса | ул. 29-ти Ноември бр. 16 |
Град | Тетово |
Земја | Македонија |
Координати | 42°0′21.2″N 20°58′12.7″E / 42.005889° СГШ; 20.970194° ИГД |
Почната | 19 век |
Историја
уредиОбјектот бил изграден од страна на Алим-бег, кој ја изградил својата резиденција во необароктен стил, но во просторната организација ја задржал традиционалната поделеност на јавниот и приватниот дел за живеење.
Опис
уредиАлимбеговата куќа е асиметрична градба, со приземје и два ката, а како архитектонско остварување претставува редок пример на станбена архитектура. Во претставителниот дел се влегува преку типичен барокен влез со извиени скали. Во предниот дел се наоѓа салон за прием со голем чардак од едната страна и висока шестострана просторија од другата страна. Во задниот дел се сместени уште три простории за живеење.
Првиот и вториот кат се идентично решени, со таа разлика што поради поголемата спратна висина на салонот, тој не се појавува на вториот кат. На вториот кат е сместен спалниот тракт, со своја бања. Распоредот на просториите е асиметричен со примена на разни геометриски форми, (многуаголни, полукружни, шестаголни, правоаголни). Скалите меѓу првиот и вториот кат се двокраки со полукружен подест. Прозорците се поставени на сите нивоа со различен облик и декорација : на приземјето имаат благи лакови за натпрозорници, на првиот кат се полукружни, а на вториот се со прекршени лакови. Фасадната декорација поставена околу прозорците и на парапетите е типичен пример на барокниот стил, со гирланди, цветови, листови. Пиластрите со капители се исто така богато украсени.
Најбогато е обработена западната фасада, со извиени елипсовидни надворешни скали. Лево од скалите во шестоаголен облик се надвисува кула која доминира над останатите делови од фасадата. Десно од скалите е поставена чешма во полукружна розета и ниша обработена во вид на школка. Полукружниот фриз има флорална декорација во плиток релјеф. Покривната конструкција е изработена во неколку фази во зависност од адаптациите кои ги има претрпено објектот. Покривот е повеќеводен со фалцовани ќерамиди.
Објектот денес
уредиДо 1993 година објектот бил во функција на Медицински центар или Старата болница[1]. Во текот на 2016 година, започнале активности за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, по кое објектот треб да биде претворен во музеј.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Алимбегова куќа“ на Ризницата ? |
- Управа за заштита на културното наследство Архивирано на 12 октомври 2016 г.