Аленка Зупанчич
Аленка Зупанчич (словенечки: Alenka Zupančič; р. 1 април 1966) — словенечки филозоф кој се занимава со тематики од психоанализата и континенталната филозофија.
Родена е во Љубљана и дипломирала на Љубљанскиот универзитет во 1990 г. Моментално работи како редовен истражувач на Институтот за филозофија на Словенечката академија на науките и уметностите[1] и гостувачки професор на Европската постдипломска школа (European Graduate School).[2] Ѝ припаѓа на Љубљанската психоаналитичка школа која претежно се темели на мислата и делата на францускиот психолог Жак Лакан. Во филозофската мисла на Зупанчич се препознава значително влијание од нејзините словенечки колеги од школата, особено од Младен Долар и Славој Жижек.
Жупанчич обработува разни теми, меѓу кои и етиката, книжевноста, комедијата и љубовта. Особено е позната како проучувач на мислата на Ниче, но се занимава и со други филозофи, како што се Имануел Кант, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Анри Бергсон и Ален Бадју.
Некои дела
уреди- Ethics of the Real: Kant and Lacan (London:, 2000).
- The Shortest Shadow: Nietzsche's Philosophy of the Two (Cambridge, Mass.; London: The MIT Press, 2003). ISBN 978-0-262-74026-5
- The Fifth Condition, [во:] Think Again. Alain Badiou and the Future of Philosophy (London: Continuum, 2004).
- Poetika. Druga Knjiga, Analecta, Ljubljana 2005.
- The Odd One In: on Comedy (Cambridge, Mass.; London: The MIT Press, 2007).
- Why Psychoanalysis: Three Interventions (Aarhus University Press, 2008)
Наводи
уреди- ↑ Профил на Аленка Жупанчич — Словенечка академија на науките и уметностите посет. 1 мај 2010 г
- ↑ Биографија и библиографија на Аленка Жупанчич Архивирано на 21 април 2010 г. — European Graduate School посет. 1 мај 2010 г
Надворешни врски
уреди- Биографија и библиографија на Аленка Жупанчич Архивирано на 21 април 2010 г. — Европска постдипломска школа
- Профил на Аленка Жупанчич — Словенечка академија на науките и уметностите
- Steven Michels. 'Nietzsche, Interrupted: A review of Alenka Zupancic, The Shortest Shadow: Nietzsche's Philosophy of the Two' — Lacan.com
- Adam Atkinson. The Odd One In: On Comedy by Alenka Zupančič Архивирано на 11 март 2011 г. — Media Culture Reviews