Алем Тоскиќ
Алем Тоскиќ (роден на 12 февруари 1982 година) е српски ракометен тренер и поранешен играч.
Клупска кариера
уредиВо својата земја, Тоскиќ играл за Фиделинка и Партизан (2004–2005), пред да се пресели во странство. Тој продолжил да игра за Загреб (2005–2007), Целје (2007–2013), Вардар (2013–2016), Горење Велење (2016–2018) и Чурго КК (2018–2020).
Интернационална кариера
уредиТоскиќ ја претставувал Србија и Црна Гора на Светското првенство во 2005 година и на ЕП 2006 година. Подоцна играл за Србија на седум големи турнири, освојувајќи го сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година.[1]
Тренерска кариера
уредиВо октомври 2019 година, Тоскиќ ја започнал својата тренерска кариера како главен тренер на Чурго KK.[2]
Трофеи
уреди- Целје
- Словенечка прва лига: 2007–08, 2009–10
- Куп на Словенија: 2009–10, 2011–12, 2012–13
- Вардар
- Македонска ракометна супер лига: 2014–15, 2015–16
- Македонски ракометен куп: 2013–14, 2014–15, 2015–16
- СЕХА лига: 2013–14
Наводи
уреди- ↑ „Rukometašima Srbije srebro, Danci evropski prvaci“ (српски). politika.rs. 29 January 2012. Посетено на 10 December 2020.
- ↑ „Alem Toskić seo na klupu i preuzeo mađarski Čurgo“ (српски). zurnal.rs. 3 October 2019. Посетено на 10 May 2020.