Алекси Клеро

(Пренасочено од Алексис Клеро)

Алексис Клод Клеро (француски: Alexis Claude Clairaut, 13 мај 1713 - 17 мај 1765) бил истакнат француски математичар, астроном, геофизичар и интелектуалец.

Алексис Клод Клеро
Алексис Клод Клеро
Роден(а)13 мај 1713(1713-05-13)
Париз(Франција)
Починал(а)17 мај 1765(1765-05-17) (возр. 52)
Париз(Франција)
НационалностФранцузин
Полињаматематичар
Познат поКлерова равенка

Животопис

уреди

Ран живот

уреди

Клеро е роден во Париз, Франција,каде, неговиот татко предавал математика. Бил гениј и на дванаесет годинишна возраст напишал мемоар за четирите геометриски криви и под менторство на неговиот татко бргу напредувал во математиката, па така во неговата тринаесетта година во Француска академија прочитал извештај за одликите на четирите криви,кој биле откриени од негова страна. Кога имал само шеснаесет години напишал трактат под називот,„Истражување на двојно искривени криви“ (Recherches sur les courbes a double courbure), кој, по издавањето во 1731 година, добил признание во Француската академија на науките, и покрај тоа што бил под легалната возраст, имал само единаесет години.

Облик на Земјата

уреди

Во 1736 година, заедно со Пјер Луј де Моперти, земал учество во експедицијата во Лапонија, во обид за проценување на должината на еден степен од меридијанот.[1] по неговото враќање,го објавил неговиот трактат „Теорија за обликот на земјата“ (Théorie de la figure de la terre) во 1743 година. Во оваа работа, промовирал теорема, позната како Клерова теорема, која ја поврзува гравитацијата со точки на површината на вртењето на елипсоид со натиснувањето и центрифугалната сила од екваторот. Овој хидростатски модел за формата на Земјата бил забележан во трудот на Колин Маклорен, кој покажал дека течната хомогена маса која рамномерно се врти околу линијата која поминува низ центарот на масата, под заедничкото привлекување на своите честички, зазема облик на елипсоид. Под претпоставка дека Земјата била составена од концентрични елипсовидни полутопки со еднаква густина, Клеровата теорема може да се примени и да се искорити елиптичноста на Земјата зада се извршат површински мерења на гравитацијата. Во 1849 година Стокс покажал дека Клеровиот резултат бил точен, без разлика на внатрешната состав или густината на Земјата, со што покажал дека површината може да биде сфероид во рамнотежа со мала елиптичност.

Истражување на астрономското движење

уреди

Добил генијално приближно решение за проблемот на три тела и во 1750 година му била доделена награда од Руската академија на науките за неговиот есеј „Теорија на месечината“ (Théorie de la lune) и екипата составена од Клеро, Жером Лаланде и Никол Рејн Лепут успешно го пресметале датумот на враќањето на Халеевата Комета во 1759 година.

„Теоријата на месечината“ (Théorie de la lune) има исклучиво од Њутнов карактер. Содржи објаснувања за движењето на апсидата, која претходно ги збунувала астрономите, и која Клеро најпрво ја сметал толку необјаснива што бил решен да објави нова хипотеза во однос на законот за привлечност, кога се случило тој да го носи приближувањето до третиот ред, веднаш пронашол дека резултатот бил во согласно ст со набљудувањето. Ова било проследено, во 1754 година со некои месечеви табели ,кои тој ги пресметал користејќи форма на Дискретна Фуриева трансформација.[2] Клеро последоватолно напишал повеќе различни трудови за орбитата на Месечината, и движењето на кометите под влијание на пречката на планетите, особено на оние на патот на Халеевата Комета.

Приватен живот и смрт

уреди

Неговата растечка популарност во општеството,ја ограничувала неговата научна работа: „Бил фокусиран,“ рекол Босу, „Заедно со неговиот жив вкус за жени , барања да ги направи неговите задоволувања дел од неговиот ден за ден работа, изгубил одмор, здравје, а на крајот и животот, на педесет и две годинишна возраст .“

Бил избран за член на Кралското друштво од Лондон во ноември 1737 година.[3]

Клеро починал во Париз во 1765 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. O'Connor and, J. J.; E. F. Robertson (October 1998). „Alexis Clairaut“. MacTutor History of Mathematics Archive. School of Mathematics and Statistics, University of St Andrews, Scotland. Посетено на 2009-03-12. Надворешна врска во |work= (help)
  2. Terras, Audrey (1999). Fourier analysis on finite groups and applications. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-45718-7., p. 30
  3. „Library and Archive Catalogue“. Royal Society. Посетено на 22 December 2010.[мртва врска]

Библиографија

уреди
  • Grier, David Alan, When Computers Were Human, Princeton University Press, 2005. ISBN 0-691-09157-9.
  • Casey, J., "Clairaut's Hydrostatics: A Study in Contrast," American Journal of Physics, Vol. 60, 1992, pp. 549–554.

Надворешни врски

уреди