Алексеј Зографски
Алексеј Зографски ― преродбеник и општественик. [1]
Роден во селото Рајчица, Дебарско. Се школувал во Зографскиот манастир, каде и го добил презимето Зографски. Во шеесетите години на 19 век, долго време учителствувал во Западната црковно-училишна општина во Велес. Познати се неговите беседи (слова) што ги држел во чест на одбележувањето на празникот на словенските просветители Св.Кирил и Методиј Солунски и на нивните ученици и следбеници Св.Климент и Наум Охридски, што во Велес најсвечено почнал да се одбележува од 1867 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 190. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)