Александер Бејн
Александар Бејн (англиски: Alexander Bain, 11 јуни 1818 - 18 септември 1903) бил шкотски филозоф и професор во Британското училиште за емпиризам (Филозофски правец според кој само со опит, со искуство се доаѓа до спознанието) и истакната фигура во областа на психологијата, лингвистиката, логиката, етиката и образовните реформи. Тој го основал Mind, првиот весник за психологија и аналитичка филозофија, и бил водечка фигура во дефинирање и примена на научниот метод во психологијата. Бејн бил професор по логика, филозофија, етика и англиски јазик и литература на Универзитетот во Абердин.
Александер Бејн | |
---|---|
Роден(а) | 11 јуни 1818 Абердин, Шкотска |
Починал(а) | 18 септември 1903 Абердин, Шкотска | (возр. 85)
Националност | Шкот |
Полиња | |
Установи | |
Влијание од | |
Влијаел врз |
Животопис
уредиАлександер Бејн е роден во Абердин. Неговиот татко бил ткајач и воен ветеран. Кога наполнил единаесет години, Бејн го напуштил школувањето за да работи како ткајач.[1] Исто така посетувал предавања на Институтот за механика во Абердин, и во абердинската јавна библиотека. Во 1836 година почнал да учи на колеџот Маришал. Бил под големо влијание од професорите по математика, хемија и филозофија. Пред да го заврши школувањето, станал колумнист за списанието Вестминстер ревју. Неговата прва статија била објавена во септември 1840 година. За првпат како колумнист почнал да соработува со Џон Стјуарт Мил, со кого станале доживотни пријатели.
По дипломирањето, во 1841 година, Бејн бил замена за доктор Глениј, професор по етика, кој поради болест не можел да ги извршува своите академски должности.
Академска кариера
уредиВо 1845 година бил поставен како професор по математика и филозофија на природата на Универзитетот во Глазгов. После една година дал отказ и се посветил на пишување. Во 1848 година се преселил во Лондон каде се вработил во Министерството за здравје. Таму работел на социјалните општествени реформи и станал истакнат член на интелектуалниот круг, во кој биле и Џорџ Гроут и Џон Стјуарт Мил. Во 1855 година го објавил својот прв обемен труд, Чувствата и интелигенцијата, а во 1859 година Емоциите и волјата. Со овие трудови влегол во кругот на независните мислители. Во 1860 година, бил поставен за Региус професор по логика и по англиска литература на новофромираниот Универзитет во Абердин.
Бејн успеал не само да го крене стандардот на образованието генерално во северна Шкотска, туку и успеал да основа школа за филозофија на Универзитетот во Абердин, и да повлијае врз предавањата поврзани со англиската граматика и композиција во Обединетото Кралство.
Бидејќи неговите објавени филозофски дела биле преобемни за да се косритат како учебници, Бејн во 1868 година објавил кратка форма на двете дела, под наслов „Прирачник за ментална и морална наука“, а во 1870 година, „Логика“ за студентите.[2][3]
Како логичар и јазичар извршил големо влијание, но најголемо влијание извршл со своите трудови за психологија: бил првиот научник во Велика Британија кој во 19 век ја користел физиологијата при расветлувањето на менталните состојби. Бејн е творецот на психофизичкиот паралелизам, што дене го користат современите психолози.
Приватен живот и смрт
уредиАлександер Бејн се женел двапати, но останал без деца. Негова последна желба била на гробот да нема споменик, бидејќи неговите книги се негов споменик.[4] Последните години од животот ги поминал во Абердин, каде починал на 18 септември 1903 година.
Наводи
уреди- ↑ Kunitz, p. 30
- ↑ Bain, Alexander (1870). Logic, Part First, Deduction. I (1. изд.). London: Longmans, Green, Reader & Dyer. Посетено на 16 June 2014.
- ↑ Bain, Alexander (1870). Logic, Part Second, Induction. II (1. изд.). London: Longmans, Green, Reader & Dyer. Посетено на 16 June 2014.
- ↑ Alexander Bain: The Story of the Life of the Famous Aberdeen Professor. New York Times (1857–1922); 30 July 1904, pg. BR514
Надворешни врски
уреди„Александер Бејн“ на Ризницата ? |
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.