Александар (Милеант)
Епископот Александар (световно име Александр Васиљевич Милеант; 22 јули 1938, Одеса - 12 септември 2005, Ла Канјада, Калифорния) бил епископ на Руската Задгранична Православна Црква, епископ Буенос-Аирески и јужноамерикански, православен теолог, мисионер и духовен писател.
Животопис
уредиРоден е на 22 јули 1938 година во Одеса. Во 1944 година неговиот татко пропаднал на фронтот без вести за него, па семејството емигрирало на Запад. До 1948 година живеел во Европа (најпрво во Прага, па во Рим), а потоа се преселил со семејството во Аргентина во Буенос-Аирес. Александар завршил електро-техничко училиште, потоа Буенос-Аирески универзитет, и работел како цртач на електромашини.
Од рана возраст, уште во Европа, му прислужувал на архиепископот Пантелејмон (Рудик), а потоа на Атанасиј (Мартос). Кај архиепископот Атанасиј имало голема богословска библиотека. Сакајќи да ги чита житијата на светиите во оригинал, Александар најпрво го изучил новогрчкиот, а потоа и старогрчкиот јазик.
На крајот од 1963 година стапил во Светотроичната богословија во Џорданвил (САД), и ја завршил во 1967 со степен дипломиран богослов.
Во 1966 година бил ракоположен за ѓакон од страна на архиепископот Аверкиј (Таушев). Во 1967 година, во Великиот пост, од страна на митрополитот Филарет (Вознесенски) бил ракоположен за свештеник, и бил испратен во Покровската парохија во Лос Анџелес, каде што отец Александар бил старешина 31 година.
Од 1971 до 1985 година организирал поклонички патувања на младите низ светите места во Грција и Палестина.
Во 1978 завршил на Калифорнискиот универзитет (диплома по електроника), во 1983 завршил универзитет на Јужна Калифорнија (инженер по комуникација со космички бродови и кодирање). По оваа специјализација работел како инженер во едно од одделенијата на НАСА. Во 1985 почнал да издава православни верски брошури под името „Мисионерски листови“ на четири јазици: руски, англиски, шпански и португалски.
Во Великиот пост 1995 година, протоерејот Александар бил потстрижан во мантија во Светотроичниот манастир со името Александар, во чест на свештеномаченикот Александар, архиепископот Харковски. Потоа бил произведен во архимандрит.
На 28 мај 1998 година на синодалниот катедрален храм посветен на Чудесата на Мајката Божја (Њујорк) хиротонисан е во епископ Буенос-Аирески и Јужно-американски. Хиротонијата ја извршиле архиепископот Западно-американски и Сан-франциски Антониј (Медведев), архиепископот Сиракуски и Троицки Лавр (Шкурла), епископот Симферополски и Кримски Агатангел (Пашковски), епископот Бостонски Митрофан (Зноско-Боровски) и епископот Менхетенски Гавриил (Чемодаков). Во последните години од животот боледувал од рак, и живеел во Калифорнија. Во својата епархија само наминувал одвреме навреме.
Бил поборник за помирување на Руската задгранична со Црквата во Татковината (Московската патријаршија).
Се упокоил на 12 септември 2005 година во 68 година од животот во Ла Кенада. Според писмениот тестамент на епископот Александар, даден неколку месеци пред смртта, неговото опело било извршено во Светотроичната црква во градот Окснард недалеку од Лос Анџелес. Погребан е во Светотроичниот манастир во Џорданвил.
Библиографија
уреди- прот. Лев Лебедев и архим. Александр Милеант «О самом главном»
- «Сущность Христианства» (1996)
- «На пороге жизни и смерти»
- «Соблазн оккультизма» (1996)
- «Заповеди Божии — Моральные основы жизни» (1996)
- «Единый Бог в Троице поклоняемый» (1996)
- «Основы Православной Веры» (1998)
- «Пресвятая Дева Мария, Заступница усердная рода христианского» (1998)
- «Ангелы — благовестники воли Божией» (1998)
- «Праздник Святой Троицы — день сошествия Святого Духа на Апостолов» (1998)
- «Вера, ключ к сокровищнице Божией» (1999)
- «Господь Иисус Христос Спаситель Мира» (1999)
- «Значение и Сила Крестных Страданий Спасителя» (1999)
- «Соработники у Бога. О священстве и церковной иерархии» (1999)
- «Царство Божие — где искать его?» (1999)
- «Слава Богу за всё! О благодарности Богу» (1999)
- «Христианское учение о конце мира и будущей жизни» (1999)
- «Любовь царица добродетелей» (1999)
- «Правила Благочестивой жизни».
- «Мысли о Царствии Божием или о Церкви» (1999)
- «Воскресение Христово. Победа над смертью» (2000)
- «Религиозное воспитание детей» (2000)
- Послание к Южно-Американской пастве (2004)
- "Я верю, что время и благодать Божия исцелят Русскую Церковь от язв, нанесенных ей безбожной властью". (послание к клиру и пастве) (2004)
Надворешни врски
уреди- Брак или безбрачност? – Епископ Александар Милеант (1938-2005)
- Александр (Милеант) Архивирано на 11 ноември 2007 г. на мрежното место «Русское Православие»
- Александр (Милеант), епископ на мрежното место Православие.Ru
- «Православные миссионерские листки», редактором которых был еп. Александр (Милеант)
- Статьи на мрежното место «Православие и мир»
- Вечная память[мртва врска] (некролог) // "Вестник Германской епархии РПЦЗ"
- Biography of His Grace Bishop Alexander (Alexander Vasilievich Mileant), Bishop of the Diocese of Buenos Aries & South America