Александар Пандов
Александар Пандов (р. 1971 во Скопје) — поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат аналитичар. Како пратеник во Собранието на Македонија бил член на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.[1]
Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.[2] Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.[3]
Животопис
уредиРани години и образование
уредиАлександар Пандов е роден во 1971 година во Скопје. Завршил историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добро го познава англискиот јазик.[1]
Професионални активности
уредиРаботел како директор на Радио РОС.[2] Бил ангажиран од рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко како директор на ланецот на обложувачници Бетсити Балкан.[4][5][6]
Политички активности
уредиВо 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.[2]
Бил пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата. Како пратеник во Собранието на Република Македонија бил чен на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.[1]
Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.[3]
По смената на Љубчо Георгиевски станува дел од фракцијата која ја предводи Марјан Ѓорчев. Потоа станува член на Земјоделска народна партија на Македонија.[7]
Тој е претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев".
Од 2024 година, е директор на „Управа за извршување на санкции" од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 . „Пандов Александар“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 11 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 (27 декември 2014). „Koj e Пандов Александар?“. A1on.mk. Посетено на 11 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 (12 септември 2005). „Стојменов си замислува дека е Пенов!“. Вечер. Посетено на 11 ноември 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска] - ↑ 'Goran Lefkov' (5 декември 2016). „Samsonenko: Successful in Macedonia-under scrutiny in Russia“. Scoop Macedonia. Посетено на 11 ноември 2018.
- ↑ 'Андреј Захаров' (26 септември 2017). „Расследование РБК: как россиянин стал самым богатым человеком Македонии“. Журнал №10 (134). Посетено на 11 ноември 2018.
- ↑ 'Андреј Захаров' (30 септември 2017). „Како еден Русин стана најбогатиот човек во Македонија“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2019-02-09. Посетено на 11 ноември 2018.
- ↑ „Анализа 24. Гости: Александар Пандов и Александар Тортевски“. Трговско радиодифузно друштво 24вести ДООЕЛ Штип (основано од 24 Кабле ЛЛЦ Линц, Австрија) [1], Сопственик: Роберт Димитров [2]. 13 октомври 2015. Посетено на 23 ноември 2018. Надворешна врска во
|publisher=
(help)