Земјоделска народна партија на Македонија
Земјоделската народна партија (ЗНП) — поранешна политичка партија во Република Македонија, која се залага за одбрана на правата на селското население.[1] Првиот конгрес на партијата се одржал на 18 јуни 2005 година, кога за претседател на партијата бил избран Марјан Ѓорчев. По формирањето на партијата група независни пратеници, кои претходно ја напуштиле ВМРО-ДПМНЕ, станале пратеници на ЗНП: Марјан Ѓорчев, Михајло Георгиевски и Ванчо Стаменков, како и Аднан Ќахил од Партијата за движење на Турците.
Земјоделска народна партија на Македонија ЗНП | |
---|---|
Водач | Марјан Ѓорчев |
Основана | 2005 |
Распуштена | декември 2006 |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
По неуспешните преговори со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНП се одлучила да учествува самостојно на парламентарните избори во 2006 година освојувајќи околу 12.500 гласови (1,35%). Земјоделската народна партија била распуштена при крајот на 2006 година. Целото членство на ЗНП преминало во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на која претходно ѝ припаѓало.