Александар Опарин

Александар Иванович Опарин (руски: Алекса́ндр Ива́нович Опа́рин; 2 март 1894 - 21 април 1980) — руски биохемичар.

Во 1924 година Опарин ја поставил теоријата за животот во океаните. Тој тврдел дека простите супстанци во древните мориња ја апсорбирале Сончевата светлина и создале органски соединенија што се наоѓаат во клетките. Подоцна овие соединенија се развиле во живи клетки.