Александар Новачиќ

 

Александар Новачиќ
Роден(а)14 февруари 1939(1939-02-14)
Загреб, Кралство Југославија
Познат(а) поновинарство, книжевност

Александар Саша Новачиќ (Загреб, 14 февруари 1939) — српски новинар, колумнист и писател.[1]

Животопис

уреди

Александар Новачиќ е роден во Загреб на 14 февруари 1939 година. Српски и југословенски новинар со 15-годишно искуство како постојан дописник од Пекинг и околу 10 години дописничка работа од Москва.

Автор е на 17 книги од областа на меѓународната политика, историја и култура.[1]

Дипломирал политички науки на Белградскиот универзитет. Неколку години работел во југословенската новинска агенција ТАНЈУГ.[2]

По заминувањето од Танјуг, од Кина известувал за агенциите Фонет[3] и Бета, весниците Борба, Наша борба, Нова Македонија и Вечерње новости. Извесен период (1980 — 1981) работел во НИН како заменик главен уредник.

За време на својата новинарска кариера известувал за клучните меѓународни настани, од првата конференција на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, до војната во Авганистан во 80-тите години, до промените во Советскиот Сојуз и големиот пресврт во Кина по смртта на Мао Це Тунг.[1]

Во раните 1970-ти, бил назначен за шеф на дописништвото на ТАНЈУГ во Москва, а потоа и за дописник во Пекинг. Во текот на 80-тите и 90-тите години во неколку наврати живеел во овие градови како постојан дописник. Првпат дошол во Кина како дописник во 1976 година, годината на смртта на Мао Це Тунг, апсењето на „Бандата на четворицата“ и крајот на Културната револуција. Оттогаш тој од прва рака известува за процутот на „Кинеската пролет“. Бил меѓу првите странски дописници што ги посетил претходно затворените покраини како Тибет и Шјинџјианг, како и првите зони за економски реформи во Шангај и Гуангџоу.[4][5]

Покрај агенциското новинарство, Новачиќ известувал за телевизија и работел како гостин во емисиите како надворешнополитички коментатор.

Автор е на низа романизирани животописи на руските класици — Чехов, Ерофеев, Булгаков, Гогољ и Платонов и на театарската претстава „Трите љубови на Антоша Чехонте“.

Библиографија

уреди

Публицистика:

  • „Неврзаните од Белград до Коломбо“, 1975 година
  • „Големиот пресврт“, 1979 година
  • „Советскиот предизвик“, 1988 година
  • „Советски Сојуз“ (преведен на пет јазици), 1988 година
  • „Драма Горбачов“, 1990 година
  • „Тенг Сјаопинг: Црвениот мандарин“, 1996 година
  • „Змејовите доаѓаат“, 1999 година
  • „Кинески мозаик“, Белград, 2000 година
  • „Кина - Змеј на Олимп“, 2008 година
  • „Раѓање на Голема Кина“, 2012 година
  • „Кси Џинпинг: Кинескиот сон“, 2018 година
  • „Синови на Земјата“ (во ракопис)

Белетристика:

  • „Досието Чехов“, 2003, 2004 година
  • „Венедикт Ерофеев и хорот на пијаните ангели“, 2011, 2012 година
  • „Булгаков: Писма до Сталин“, 2014, 2015 година
  • „Кој го уби Гогољ“ (во ракопис),
  • „Тверски булевар 25 бис“ (во ракопис).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Novačić A, Rađanje Velike Kine, Službeni glasnik, str. 241, 2012.g
  2. Telegrafska agencija nove Jugoslavije — Tanjug je osnovana 5. decembra 1943. godine u Jajcu s namerom da svetu približi informacije o antifašističkoj borbi narodnooslobodilačkog pokreta koju su vodili komunisti pod vođstvom Josipa Broza.
  3. FoNet
  4. Nova knjiga Aleksandra Novačića: Rađanje velike Kine | Glas javnosti
  5. „Nova knjiga Aleksandra Novačića o Kini: Si Djinping - Kineski san | Novinska agencija Beta“. Архивирано од изворникот на 21 април 2020. Посетено на 7. 01. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди