Александар Стојков Кочев (1 мај 1920 во Коларово, Петричко, Пиринска Македонија — ? ) — припадник на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.[1]

Александар Кочев
Роден 1 мај, 1920 година
Коларово, Петричко, Пиринска Македонија (во Бугарија)
Националност Македонец
Татко Стојко
Мајка Јана

Животопис

уреди

Родителите на Александар, Стојко и Јана, по потекло се од селото Горно Порој, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија.

Неговата активност во борбта за човекови права на Македонците во Бугарија е најенергична во периодот по Втората Светска војна (1945-1948 година). Бил член на македонското здружение во Петрич во 1945 година, заедно со раководителот Борис, Васил Атанасов и браќата Васил и Јордан Таневи. Групата се залагала за изучување на македонскиот јазик и историја, а мислата која ги водела била:[1]

Ова овде е Македонија и македонскиот народ. Нашите дедовци се бореа за Македонија и ние сакаме да ја продолжиме нивната борба.“

По полициската потера од 1946 година кон Александар и браќата Таневи, се засолнил во Драгалевци. По неговото враќање извршен е упад во неговото живеалиште по што полицијата конфискувала разни документи и книги. Веднаш бил затворен и изложен на мачење и тортура во полициската станица во Петрич. Паралелно со нивната група, била оформена и друга група чии членови биле: Стојан Китанов и Георги Рачков, но и покрај силната тортура никого не издал. Осуден бил во 1949 година на јавна расправа во Петрич со цел да се заплаши и останатото население, на 6 години и осум месеци затвор, заедно со група на македонски активисти. Казната ја издржувале во затворот Белене, каде добивале сосема малку храна, а биле тепани секојдневно и без причина. По неговото илзегување од затворот продолжил да се занимава со земјоделство.[1]

Поголеми проблеми од неговото излегување од затворот настанале во периодот кога Бугарската влада наложила да се издадат нови документи за сите Македонци (а, да им се одземат старите) и притоа сите биле заведени како Бугари, што било спротивно од нивната волја.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојков, Стојко (2014). ТАБУ:Време на страх и страдание (PDF). Благоевград: ДРУЖЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ В БЪЛГАРИЯ. стр. 54–55. Недостасува |author1= (help)