Александар Илиевски
Александар Илиевски (роден на 24 декември 1938 година во село Сулдурци, Радовишко) — македонски педагог и универзитетски професор.[1]
Александар Илиевски | ||
Роден | 24 декември 1938 Сулдурци, Радовишко, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | педагог универзитетски професор |
Животопис
уредиАлександар Илиевски завршил учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1964). Постдипломските студии ги започнал на Филозофскиот факултет во Белград, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1993), каде што и докторирал (1995). Работел како библиотекар на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет (1971–1995). По докторирањето бил избран за доцент, а потоа за редовен професор на Педагошкиот факултет во Скопје по предметот Дидактика. Објавил повеќе трудови на андрагошки теми.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 597. Text "series " ignored (help)