Александар Димитров (партизан)
Александар Ѓорѓиев Димитров ( 1916 во Скопје — 29 јули 1944 во Кочанско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од градско семејство. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје, а потоа се запишал на Техничкиот факултет во Белград. Студирал редовно додека целосно не се посветил на револуционерната дејност. Како прогресивен студент се вклучил во редовите на напредната македонска интелегенција. Уште во првите денови во народнооалободителното движење, извршил многу одговорни задачи. Работел на прифаќањето нови приврзаници во напредното движење и испраќал нови доброволци во партизани. Активно учествувал во собирањето на народна помош, што се испраќала на партизаните. Hеговaта дејност ја открила бугарската фашистичка полиција. Бил осуден на смрт во отсуство. Во јануари 1944 година заминал во партизани и стапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада и учествувал во сите поголеми битки на Бригадата. Учествувал и против големата мајска офанзива на фашистичките бугарски единици која била наменета против силите на НОВ и ПОЈ. Во состав на истата учествувал во славниот борбен поход низ Егејска Македонија и назад. Во борбите на Бригадата во Кочанско, бугарските фашистички единици го заробиле ѝ на 29 јули 1944 година го стрелале.[1]