Александар Димитров (Ќустендил)

Александар Димитров ( 1873 во Слокоштица, Ќустендил, Отоманска Империја22 октомври 1921 во Козица (Бугарија)) — бугарски политичар од македонско потекло (од македонски бегалци), деец на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС).[1][2]

Александар Димитров
Роден(а)1873
Слокоштица, Ќустендил, Отоманско Царство
Починал(а)22 октомври, 1921
село Козица, Бугарија
ЗанимањеПолитичар

Животопис

уреди
 
Објава на весникот „Напред“ од 24 октомври 1921, за смртта и биографијата на Александар Димитров.

Одржувал блиски врски со серското крило на ТМОРО на Јане Сандански. Од 1908 година до крајот на животот бил народен пратеник на Народното собрание на Бугарија. Водел енергична борба против личниот режим на царот Фердинанд I, за што во 1911 година бил осуден на шест месеци затвор. Како противник на политиката на Бугарија за учеството во Првата светска војна, бил затворен сè до завршувањето на војната.[1]

Во 1919 година станал министер за внатрешни работи и за народно здравје во земјоделската влада на Стамболиски, а од 1921 година министер на војската. Бил во блиски односи со левицата на ВМРО. Како министер за внатрешни работи и на војската водел политика за зближување на Кралството СХС и за спречување на комитските акции на ВМРО (Автономистичка) во вардарскиот дел на Македонија.[1]

Заради ваквата негова политика бил убиен од страна на слугите на царот Фердинанд,[3] односно четници на Тодор Александров на чело со Иван Јанев-Брло.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 157. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 91. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ивановски, Васил (1995). Катарџиев, Иван (уред.). Зошто ние Македонците сме одделна нација. Куманово: Архив на Македонија: Матица Македонска. стр. 172. ISBN 9989-48-062-1.

Надворешни врски

уреди