Светиниколска Река
- За други значења видете на Азмак (појаснување)
Светиниколска Река или Азмак — македонска река, десна притока на реката Брегалница[1] и најголемиот воден тек во Овче Поле[2].
Светиниколска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница, Македонија |
Должина | 35 км |
Особености на сливот |
Настанува од три помали водотеци (краци):
кои се соединуваат кај градот Свети Николе, по што го добива името Светиниколска Река, а пред сливот во реката Брегалница е позната под името Азмак.
- Караташ се формира во близина на селото Павлешенци, на надморска височина од 389 метри.
- Бериш извира во атарите на Малино и Алакинци, на надморска височина од 380 метри.
- Мавровица извира од планината Манговица, на височина од 610 м.
Светиниколска Река во Овчеполската Котлина прима неколку притоки. Нејзини леви притоки се Буриловска Река со Немашница, додека десни притоки се Горобинска Река (Поток), Кнежевска Река и Ѓуземелска Река, сите со пороен карактер. Овие овчеполски рекички во летните месеци наполно пресушуваат.
На реката Мавровица, во местото Алин Дол, изградена е акумулација во должина? од 7 км2, со зафатнина од 2.700.000 кубни метри. Оваа акумулација се користи за водоснабдување на Свети Николе[2].
Светиниколска Река се слива во Брегалница на височина од 203 м. Долга е 35 км, има вкупен пад од 407 м и просечен пад од 11,6 ‰. Површината на сливот изнесува 658,7 км2. Во најголемиот дел од сливот има пороен карактер.[3]
Наводи
уреди- ↑ Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002
- ↑ 2,0 2,1 Природни ресурси: податоци за 2009 г.од Министерство за земјодел.,шумарство и водост.ПЕ Св.Николе
- ↑ Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979