Горобинска Река
Горобинска Река или Поток — мала рекичка со пороен карактер која се создава од повеќе привремени водотеци кај селото Горобинци во Овче Поле. Таа е притока на Светиниколска Река, во која се влева кај Свети Николе.
Течението на оваа рекичка минува низ Свети Николе, каде нејзиното корито е регулирано. Поголеми количини на вода дотекуваат при поројни врнежи, обично во пролетно-летниот период од годината, што е карактеристично за сите водотеци во Овче Поле, како едно од најсушните подрачја во Македонија.