Азем Зулфиќари
Азем Зулфиќари (роден на 6 декември 1925 година во Равен, Гостиварско) — македонски политичар и општественик од албанско потекло. Бил член на СКМ (од 1948). Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград (1962). Бил учител, просветен инспектор, шеф на Отсекот за просвета на Собранието на Општина Гостивар, потпретседател на Околиското собрание во Тетово, претседател на Собранието на Општина Гостивар и претседател на Републичката конференција на ССРНМ (1967-1969). Исто така, бил и на разни раководни должности во СКМ: член на Секретаријатот на Општинскиот и на Околискиот комитет на СКМ во Гостивар и во Тетово, член на ЦК на СКМ, член на ЦК на СКЈ и на Претседателството на ЦК на СКЈ. Освен тоа, во два мандата бил и републички пратеник, потпретседател на Извршниот совет на СРМ, член на Сојузната конференција на ССРНЈ, член на Претседателството (од март 1980) и претседател на Републичката конференција на ССРНМ (1981), амбасадор на СФРЈ во Бурманската Унија, член на Советот на Федерацијата, член на Претседателството на ЦК на СКМ, член на Комисијата за кадровска политика на Претседателството на ЦК на СКМ и член на Комисијата за соработка со комунистичките и работничките партии и други прогресивни движења, член на Републичкиот општествен совет за односи со странство (1981)[1].
Азем Зулфиќари | ||
Роден | 6 декември 1925 Равен, Гостиварско | |
---|---|---|
Починал | 6 август 1996 Скопје, Македонија | |
Занимање | политичар |
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зулфиќари“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 579. Text "series " ignored (help)